Уште тројца каснати од кучиња скитници


Едно девочје и двајца повозрасни граѓани се каснати од кучиња скитници во изминатото деноноќите. 

Вчера, во 15.35 часот во Полициската станица Карпош, П.К.(44) од Скопје пријавил дека во с.Бардовци бил каснат од куче скитник.

Истиот ден,  во 12.35 часот, С.В.(54) од Кичево во полициска станица пријавила дека на ул.„Магистрален пат“ во Кичево била касната од куче скитник. Истиот ден, З.Е.(40) од Кичево пријавила дека нејзината малолетна ќерка на ул.„11 Септември“ во Кичево била касната од куче скитник.

Во вторникот, во ОВР Прилеп, Д.Ј.(63) од Прилеп пријавил дека на ул.„Ладо Лапецот“ бил каснат од куче скитник.