Дел од вработените во МАНУ ќе штрајкуваат на 9 февруари поради малите плати


Фото: Б. Грданоски

Од Сојузот на синдикати на Македонија соопштија дека членовите на Синдикалната организација на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), во која членуваат вработените во Секретаријатот и стручните единици на МАНУ, на 9 февруари 2023 ќе стапат во штрајк поради ниски плати.

Во известувањето се наведува дека ова е првпат во 56-годишното постоење на МАНУ вработените во Секретаријатот и стручните единици да стапат во штрајк.

– Причина за штрајкот се недостоинствено ниските плати на вработените во Секретаријатот и стручните единици на МАНУ, кои се далеку под просечната плата во РС Македонија, односно малку над минималната плата. Според Законот за МАНУ, МАНУ е највисоката самостојна научна и уметничка институција во државата, соопшти Сојуз на синдикатите на Македонија.

Академците на МАНУ нема да учествуваат во штрајкот, исто така ни научните соработници вработени во истражувачките центри на МАНУ.