Протести за зголемување на платите во Велика Британија


Околу половина милион луѓе ќе учествуваат во протестот со барање за зголемување на платите во Белика Британија, најголеми демонстрации од 2011 година.

Учителите, државните службеници, граничарите и машиновозачите ќе излезат на улиците на британските градови. Владата ја предупреди јавноста дека ќе има значителни нарушувања во сообраќајот.

Се очекува дека повеќе илјади школи во Англија, Велс, и Шкотска ќе бидат делумно или потполно затворени. Според прогнозите, протестот ќе погоди 85 отсто од образовните институции. Синдикатите очекуваат до 200.000 наставници да не дојдат на работа. Но, точниот број ќе се знае подоцна, затоа што настваниците кои ќе одат на протест не се задолжени да ги известат училиштата пред време, што родителите ги принудува да бараат алтернативи.

Се очекува повеќето возови во Англија да не сообраќаат, а протестот ќе влијае на 14 оператори, додека се очекува и нарушување на аерордомскиот сообраќај. Можно е да се појават и редови во имиграционите сали поради протест на граничарите.

Повеќе од 100.000 државни службеници од повеќе од 100 оддели и владини агенции, меѓу кои и канцеларијата на Владата, оддели за здравство, транспорт, образование и стопанство,како и Британскиот музеј, изборната комисија, Вселенската агенција, ќе се придружат на протестот.