Апелационото подрачје на Штип останува без голем број судии – ќе застарат случаи


Судии и обвинители фалат во апелационото подрачје на Штип, заклучил министерот за правда Никола Тупанчески, кој денеска беше во посета на Апелациониот суд во Штип, а за решавање на тој проблем ќе мора итно да се преземат мерки.

– Недостатоците се однесуваат на бројот на вработени судии, обвинители, бројот на предмети на кои работата судиите и јавните обвинители и дојдовме до заклучок дека навистина ќе треба под итно, ургентно, прмптно да се реагира. Во меѓувреме практично апелационото подрачје во Штип останува без голем број на судии во таа апелациона инстанција – вели Тупанчески.

Доколку не се стигне до крајот на годината да се најде решение со недостигот на судии и обвинители, ќе се соочиме со ситуација каде огромен број предмети кои ќе застарат.

Апелациониот суд во Штип е надлежен за подрачјата на основните судови во Штип, Струмица, Радовиш, Свети Николе, Кочани, Виница, Берово и Делчево.