Армијата на Етиопија ја врати контролата врз шест градови во Амхара


Ситуацијата во северната етиопска држава Амхара се смири откако федералната армија ја врати контролата врз неколку градови, кои минатата недела беа заземени од локалната милиција Фано. Владата на Етиопија синоќа соопшти дека градовите Бахир Дар, Лалибела, Гондар, Шева Робит, Дебре Берхан и Дебре Маркос се „ослободени од заканата на бандитите“. Исто така најави дека во …

Армијата на Етиопија ја врати контролата врз шест градови во Амхара Read More »

Сом тежок 80 килограми уловен на Калиманско Езеро


Спортскиот риболовец Ванчо Стојмирски од Делчево улови сом тежок 80 килограми во Калиманско Езеро. -Сомот кој е позната езерска риба го фатив на Калиманско Езеро. Должината му е 2,4 метри, а тежок е 80 килограми, иако на вагата покажува 82,05 кг. Тоа е поради садот во кој е ставен на мерење кој тежи 2,05 килограми, …

Сом тежок 80 килограми уловен на Калиманско Езеро Read More »

Се урна мал авион кај Белград, загина пилотот


Мал авион се урнал во близина на Белград кај Батајница околу пладне, а екипи на Брзата помош и противпожарната бригада веднаш излегле на терен. Според информациите на српските медиуми, безживотното тело на едно лице е пронајдено во полињата со пченка, недалеку каде се урнал авионот. Најверојатно станува збор за пилотот, кој претходно побарал помош бидејќи …

Се урна мал авион кај Белград, загина пилотот Read More »

Заразената болничарка со конго-кримска денеска ќе го прими лекот Рибавирин, влегува во фазата на крварење


Заразената болничарка со конго-кримска треска е во стабилна состојба и влегува во фазата во која се очекува појава на крварење. Ноќеска за првпат е забележано полесно вагинално крварење, но не е ништо масовно – се гледа само преку бришење со хартија. Сепак е сериозен знак кон кој ќе пристапиме, информира директорката на Клиниката за Инфективна …

Заразената болничарка со конго-кримска денеска ќе го прими лекот Рибавирин, влегува во фазата на крварење Read More »

Килијан Мбапе одлучи: Останува во ПСЖ, дури и да ја преседи сезоната


Килијан Мбапе донесе конечна одлука – ќе остане член на ПСЖ до крајот на сезоната и нема да изнуди трансфер во Реал Мадрид ова лето. Французинот беше исфрлен од првиот тим на Парижаните бидејќи не сака да го продолжи договорот, а ставот на лидерот на ПСЖ е дека нема да игра оваа сезона поради непочитувањето …

Килијан Мбапе одлучи: Останува во ПСЖ, дури и да ја преседи сезоната Read More »

Уапсени група крадци од Куманово, ограбувале по куќи


 Во текот на изминативе два дена, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода С.А,(25) Р.Р.(27), Д.Р.(30) и С.М.(27), сите од Куманово. Тие се сомничат дека извршиле 11 кражби на подрачјето на Куманово, од кои една во деловен објект и десет во приватни имоти. Четворицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање …

Уапсени група крадци од Куманово, ограбувале по куќи Read More »

Доаѓањето на Курти го парализира Тетово


Утре, петок 11 август во Тетово, по повод престојот на официјална делегација на Република Косово, Секторот за внатрешни работи Тетово ќе воведе посебен сообраќаен режим во централното подрачје во периодот од 5 часот наутро до завршувањето на официјалната посета. Според информациите од Општина Тетово делегацијата на Косово, предводена од премиерот Албин Курти ќе ја посети …

Доаѓањето на Курти го парализира Тетово Read More »

Проект за нов цевковод за вода во високата зона во Аеродром


Град Скопје соопшти дека е изработена инвестициско-техничката документација за проектот за нов цевковод за високата зона во Аеродром. Определена е оптимална и изводлива траса за реализација и во проектната документација е предвидена нова магистрална водоводна мрежа со профил од 300 мм, заради обезбедување втор довод на вода за високата зона во Општина Аеродром. Со проектот …

Проект за нов цевковод за вода во високата зона во Аеродром Read More »

Автомобил се преврте на Плетвар


Автомобил денес се преврте на планинскиот превој Плетвар, на патот кон Прилеп. Според информациите од МВР, автомобилот го управувала 61-годишна жена која што била пренесена во прилепската болница, а тежината на повредите засега не е официјално потврдена. Несреќата се случила околу 9.30 часот, кај селото Тројаци.

Во пожарите на Хаваи досега загинаа најмалку 36 лица


Најмалку 36 лица загинаа во огромните шумски пожари што ја зафатија областа Мауи на Хаваите, соопштија денеска локалните власти. Се стравува дека бројот на жртвите би можел да биде поголем бидејќи некои луѓе одбиле да се евакуираат. „Борбите продолжуваат, а денеска 36 лица загинаа како последица на пожарот во Лахаина. Засега нема други детали“, се …

Во пожарите на Хаваи досега загинаа најмалку 36 лица Read More »

Ќе се сели тетовската библиотека во несоодветни простории, објектот што го чекаат готов во 2027 година?


Вработените во тетовската библиотека „Кочо Рацин“ алармираат дека иницијативата од страна на Министерството за култура за нивно преместување во друг дел од Центарот за култура „Иљо Антески-Смок“ ќе ја отежни работата, а просториите не се соодветни за библиотечна дејност. Првично, предвидено е библиотеката да се премести во соседните простории кои досега ги користеше Факултетот за …

Ќе се сели тетовската библиотека во несоодветни простории, објектот што го чекаат готов во 2027 година? Read More »

До 31 август, бесплатно приклучете се на парно!


До 31 август 2023 година, ЕСМ Снабдување со топлина нуди можност за бесплатно приклучување на исклучените потрошувачи. Со цел да им овозможиме на што поголем број потрошувачи да ги користат придобивките на системот за централното греење, се одвива акција за бесплатно приклучување за исклучените потрошувачи кои ќе се одлучат да се приклучат на системот за …

До 31 август, бесплатно приклучете се на парно! Read More »

По Јапонија, тропската бура ја погоди и Јужна Кореја


Силната тропска бура Ханун денеска стигна до југоисточниот брег на Јужна Кореја по еднонеделните обилни дождови кои ги предизвика во јужниот дел на Јапонија. Во Јужна Кореја беа издадени јавни предупредувања, при што се откажани повеќе од 330 летови, а повеќе од десет илјади луѓе се евакуирани. Невремето и донесе на Јужна Кореја врнежи од …

По Јапонија, тропската бура ја погоди и Јужна Кореја Read More »

Сите општини ги губат младите, само Липково со 2 отсто зголемување


  Бројот на младите меѓу двата пописи, оној од 2002 и последниот од 2021 година, се намалил за шест отсто покажаа анализите од  „Младите и пописот на населението“ и „Финансирање на младинските политики“ кои денеска беа промовирани во рамки на конференцијата „Младински состојби и финансирање на младинските политики во Северна Македонија”, организирана од Фондацијата за …

Сите општини ги губат младите, само Липково со 2 отсто зголемување Read More »

Царинска управа почна кампања за сузбивање на корупцијата


„Не замижувај и ти можеш да ја спречиш корупцијата – биди дел од прогресот на твојата држава“ е мотото на кампањата „Стоп за корупцијата“ што ја почна Царинската управа за зголемување на свеста за опасностите кои ги носи корупцијата со цел граѓаните или вработените кои ќе бидат сведоци на корупција или сомнителна активност, тоа да …

Царинска управа почна кампања за сузбивање на корупцијата Read More »

Идентификувани остатоци од жена пронајдени во бетонски ѕид во Австралија


Австралиската полиција, за време на истрагата за убиството на жената чии останки беа пронајдени во бетонски ѕид минатата година, ја идентификуваше жртвата и рече дека била убиена пред повеќе од една деценија. Тања Ли Гловер, родена во 1971 година, имала оштетен вид и слух и имала приближно 38 години во моментот на нејзината смрт, соопшти …

Идентификувани остатоци од жена пронајдени во бетонски ѕид во Австралија Read More »

ЦРТА: Во изминатите 40 денови Вучиќ им се обратил на граѓаните 30 пати


Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во изминатите 40 дена 30 пати директно им се обратил на граѓаните преку телевизија со национална фреквенција, соопшти ЦРТА. Центарот за истражување, транспарентност и отчетност (ЦРТА) наведува дека во анализата е анализиран периодот од 1 јули до 9 август годинава. Како што додадоа, за денеска е најавен уште еден „ексклузивен …

ЦРТА: Во изминатите 40 денови Вучиќ им се обратил на граѓаните 30 пати Read More »

МВР вработува 600 полицајци – 300 за Скопје, 100 за Охрид


Министерството за внатрешни работи денеска објави јавен оглас за засновање на работен однос на 600 извршители на работно место полицаец, согласно своите организациски потреби, како и согласно одредбите од законите за внатрешни работи и за полиција, и соодветните подзаконски акти. Имено, за работната позиција полицаец во Секторот за внатрешни работи Скопје се бараат 300 извршители, …

МВР вработува 600 полицајци – 300 за Скопје, 100 за Охрид Read More »

Убиен претседателски кандидат во Еквадор – прогласена 60 дневна вонредна состојба


Претседателот на Еквадор Гиљермо Ласо прогласи вонредна состојба во траење од 60 дена во целата земја  по убиството на претседателскиот кандидат Фернандо Вилависенсио. Претседателскиот кандидат на Еквадор Фернандо Вилависенсио бил убиен во средата вечерта на крајот од предизборниот митинг во Кито, објави шефот на државата Гиљермо Ласо. Вилависенсио беше еден од осумте кандидати на претседателските …

Убиен претседателски кандидат во Еквадор – прогласена 60 дневна вонредна состојба Read More »

Официјален протест на Пекинг поради одлуката на САД да ги ограничи инвестициите во кинеската технологија


Пекинг официјално испрати протест до САД поради наредбата на американскиот претседател Џозеф Бајден за ограничување на технолошките инвестиции во Кина, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи. „Кина е крајно незадоволна и силно се спротивставува на инсистирањето на САД за воведување ограничувања на инвестициите во Кина“, рече портпаролот на Министерството. Бајден вчера потпиша извршна наредба …

Официјален протест на Пекинг поради одлуката на САД да ги ограничи инвестициите во кинеската технологија Read More »