Се урна мал авион кај Белград, загина пилотот


Фото: Танјуг

Мал авион се урнал во близина на Белград кај Батајница околу пладне, а екипи на Брзата помош и противпожарната бригада веднаш излегле на терен.

Според информациите на српските медиуми, безживотното тело на едно лице е пронајдено во полињата со пченка, недалеку каде се урнал авионот. Најверојатно станува збор за пилотот, кој претходно побарал помош бидејќи не му работеле контролите.

Во авионот бил само пилотот.

Како што се пишуваат тамошните медиуми, лицето полетало затоа што сакало да испроба нешто на авионот. Авионот полетал од блискиот аеродром „13 Мај“.

Станува збор за авион од типот Esqual VM-1C.