Официјален протест на Пекинг поради одлуката на САД да ги ограничи инвестициите во кинеската технологија


Пекинг официјално испрати протест до САД поради наредбата на американскиот претседател Џозеф Бајден за ограничување на технолошките инвестиции во Кина, соопшти денеска кинеското Министерство за надворешни работи.

„Кина е крајно незадоволна и силно се спротивставува на инсистирањето на САД за воведување ограничувања на инвестициите во Кина“, рече портпаролот на Министерството.

Бајден вчера потпиша извршна наредба со која ќе се блокираат и регулираат американските високотехнолошки инвестиции кои одат во Кина за напредни компјутерски чипови, микро-електроника, квантни информатички технологии и вештачка интелигенција.

Претставници на американската администрација рекоа дека причината е националната безбедност, а не економскиот интерес.