Автомобил се запалил на Теферич, нема повредени
Возило „џип“, управувано од Д.М.(41) од Скопје, синоќа се запалило на местото викано Теферич во општина Кисела Вода. Нема повредени, соопшти МВР. Случајот синоќа, во 19.29 часот, во СВР Скопје бил пријавен од Бригадата за противпожарна заштита Скопје. Полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода излегле на терен и констатирале дека возилото било опожарено. Возилото …