ГН на Јапонија: Деветта пол – позиција за Верстапен


Водечкиот во генералниот пласман во Формула 1, Макс Верстапен (Ред Бул) ќе стартува од пол – позицијата в недела кога ќе се вози трката за Големата награда на Јапонија.

Холанѓанецот Верстапен дојде до својата деветта пол – позиција оваа сезона, откако беше најбрз на денешните квалификации на патеката Сузука.

„Ова досега е неверојатен викенд, особено квалификациите. Болидот навистина убаво возеше“, рече Верстапен, кој беше најбрз и на сите три слободни тренинзи.

Британецот Ландо Норис (Мерцедес) ќе стартува покрај Верстапен од првиот ред, а од вториот Ландо Норис (Мекларен) и Шарл Леклер (Ферари).