Полицијата во Хрватска апси навивачи на Динамо по потерница од Грција


Полицијата во Хрватска започна акција за апсење на членовите на навивачката група „Бед блу бојс“ поради европска потерница која стигна од Атина.

Полицијата постапила според налогот и уапсила неколку навивачи. Уапсени се девет членови на „Бед блу бојс“. Полицијата не сака ништо официјално да потврди од како што велат „тактички причини“. Сè уште се трага по еден член на БББ.

Во Загреб пристигнаа европски потерници за навивачите кои избегаа од Грција по нередите, објави денеска „Јутарњи лист“ повикувајќи се на неофицијални извори.

„Уапсете ги и екстрадирајте ги овие „лоши сини момчиња““ – стои во барањето на грчките власти со список од десет имиња на навивачи на Динамо осомничени дека учествувале во нередите во Атина вечерта пред натпреварот од 2. прелиминарно коло на Лигата на шампионите помеѓу АЕК и Динамо на 7 август, во која беше убиен 29-годишниот навивач на АЕК, Михалис Кацурис.

Не се знае кој е на списокот и за што точно се товарат

Дека европските потерници стигнале до хрватското правосудство потврдија неофицијално од повеќе извори во правосудството, но кој се наоѓа на списокот на лица за кои се заинтересирани грчките власти и за што точно се товарат – не се знае. Извор близок до Бад Блу Бојс потврди дека се издадени европски налози за апсење (ЕУН), а неговите информации се покажале точни, но не знае и за што точно се обвинети хрватските навивачи.

Според неофицијални информации, станува збор за навивачи кои биле регистрирани при влез во Грција, нивните имиња од хрватското Министерство за внатрешни работи ги доставила до грчките власти пред да заминат за Грција, но по нередите успеале да ја напуштат таа земја.

Избегале со траект?

Како што е реконструирано од грчките власти, повеќето од нив прво отпатувале за Италија со траект и се вратиле во Хрватска по копно. Меѓу оние чии имиња се најдоа на списокот на поддржувачи кои се вратија, имаше и некои истакнати лидери на БББ, за кои исто така се шпекулираше дека учествувале во немирите или имале значајна улога во инцидентите кои завршиле со фатални повреди на Михалис Кацурис.