Димитров: Ветувањето на ЕУ кон регионот најблаго и најдипломатски кажано е разнишано


Грција на некој начин го иницира ветувањето на ЕУ кон регионот на Самитот во 2003, меѓутоа Грција по решавањето на проблемите што ги имавме со нив сега се однесува најприродно и најнормално како што треба да се однесува земја што се граничи со овој период. Земјите членки на ЕУ кои се дел од нашиот регион, …

Димитров: Ветувањето на ЕУ кон регионот најблаго и најдипломатски кажано е разнишано Read More »

Онлајн наставата во Тетово и Гостивар продолжува до 20 септември


Наставата во средните училишта во Тетово и Гостивар ќе продолжи да се изведува онлајн до 20 септември, наместо до 14, како што беше планирано со претходната одлука, одлучи Владата на Република Северна Македонија на вчерашната седница. Поради влошената ситуација со пандемијата во овие градови, владата претходно донесе одлука наставата да се организира онлајн во траење …

Онлајн наставата во Тетово и Гостивар продолжува до 20 септември Read More »

Бислимоски: Владите во регионот мора да продолжат со инвестиции во енергетскиот сектор


Само преку одговорно менаџирање со енергетските капацитети, може да се амортизираат сложените состојби на пазарот, порача претседателот на Регулаторната комисија за енергетика Марко Бислимоски, кој заседаваше со 49. Одбор на регулатори на Енергетската заедница што се одржа во Атина, Грција. – Кога е во прашање енергетскиот сектор, здравствената криза покажа дека компаниите чии услуги се …

Бислимоски: Владите во регионот мора да продолжат со инвестиции во енергетскиот сектор Read More »

Приведен криминалец баран со потерница


Полициски службеници од ЕВР Аеродром и Драчево – Отсек потраги, утрово во 05.50 часот, врз основа на судска наредба, го лишиле од слобода Б.О.(25) од село Палиград, општина Зелениково, за издржување казна затвор од една година и шест месеци за сторено кривично дело „тешка кражба“. Како што информираа денеска од МВР, лицето било предадено во …

Приведен криминалец баран со потерница Read More »

„Епл“ претстави нов „Ајфон 13“ и подобрен „Ајпад“


Американскиот технолошки гигант „Епл“ денеска го претстави новиот „Ајфон 13“ и подобрени модели на „Ајпад“ таблетите, проширувајќи ја 5-Г конективноста и прикажувајќи побрзи чипови и подобри камери. „Ајфон 13“ има посветол екран. Новите модели изгледаат речиси исто како „Ајфон 12“, со таа разлика што се подебели и достапни во повеќе нови бои. Новата „13-ка“ има …

„Епл“ претстави нов „Ајфон 13“ и подобрен „Ајпад“ Read More »

Се проширува канализационата мрежа во беровското село Русиново


Се проширува канализационата мрежа во село Русиново. Во рамки на проширувањето како што информираа од Општината предвидена е изградба на третиот крак од канализационата мрежа, со цел на жителите од овој дел на селото долгорочно да им се решат проблемите со канализационата мрежа. -Со овој проект се опфатени неколку индивидуални станбени објекти и земјоделски имоти, …

Се проширува канализационата мрежа во беровското село Русиново Read More »

Во Шведска седум дена никој не починал поради Ковид-19


  Нереди поради ковид-мерките во Франција, заклучување во Австралија, нови рекордни броеви на заразени во Европа, а во Шведска последните седум дена никој не починал поради Ковид-19. Да потсетиме дека Шведска беше ставена на столбот на срамот во светските медиуми поради лабавите ковид-мерки. Британски „Гардијан“ шведскиот пристап го окарактеризира како „катастрофа во најава“, додека Си-би-ес …

Во Шведска седум дена никој не починал поради Ковид-19 Read More »

Нагелсман по триумфот над Барселона: Баерн имаше проблеми во првите 7-8 минути, потоа се адаптиравме


Тренерот на Баерн, Јулијан Нагелсман даде свое видување за победата од 3:0 над Барселона, синоќа во првото коло во Лигата на шампионите. -Мислам дека тимот одигра многу добро, ова е клучниот момент. Имавме проблеми во првите 7-8 минути кога не одигравме доволно храбро, но потоа направивме некои приспособувања. Секогаш е одлично да не примите гол. …

Нагелсман по триумфот над Барселона: Баерн имаше проблеми во првите 7-8 минути, потоа се адаптиравме Read More »

Бајден: Штетите од лошото време – над 100 милијарди долари


Штетите од екстремните метеоролошки појави во САД оваа година ќе изнесуваат повеќе од 100 милијарди долари. Тоа го изјави американскиот претседател Џо Бајден за време на неговата посета на државата Колорадо. Тој претходно посети пожари во Калифорнија и Ајдахо, додека бури во други делови на земјата предизвикаа поплави и однесоа десетици животи. Тропската бура Николас …

Бајден: Штетите од лошото време – над 100 милијарди долари Read More »

Два земјотреси во Албанија, почувствувани и во Црна Гора


  Утрово во 4.19 часот, Секторот за сизмологија на Албанија, измерил земјотрес со јачина од 4,1 степен според Рихтер. Епицентарот бил на само 11 километри од Подхум во Црна Гора. Како што пренесе албанскиот портал Аналитика, земјотресот бил со интензитет од V степени според Меркалиевата скала. Потресот се случил на длабочина од 16 километри. Според …

Два земјотреси во Албанија, почувствувани и во Црна Гора Read More »

И за децата од 4 до 11 години ќе се бара тест за патување во Грција


За патување со авион во внатрешноста на Грција, децата од четири до 11 години потребно е да имаат негативен резултат од направен тест за домашна употреба, односно селф тест, јави дописничката на МИА од Атина. Во рамките на новите мерки што стапија вчера во сила, од Агенцијата за цивилно воздухопловство на Грција објаснуваат дека од …

И за децата од 4 до 11 години ќе се бара тест за патување во Грција Read More »

Експертите согласни за недоследностите во системот за управување со кризи и заштита и спасување


Експертите од областа на безбедноста сметаат дека системските недоследности кај институциите, несоодветната нормативна уреденост на надлежностите, преклопувањето на ингеренциите и овластувањата во менаџирањето со кризите го зголемуваат ризикот од несакани последици при појава и справувањето со кризни ситуации. Учесниците на Меѓународната безбедносна конференција, што во организација на Факултетот за безбедност се одржува во Охрид, сметаат …

Експертите согласни за недоследностите во системот за управување со кризи и заштита и спасување Read More »

Амбициозно – Македонија до 2030 година треба да ги намали емисиите на стакленички гасови за 52 отсто


Со воведно обраќање во кое ја акцентираше поврзаноста на животната средина, отпорноста кон климатските промени и исполнувањето на цел 7 од целите за одржлив развој на ОН, министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини го отвори вториот ден од „Македонски енергетски форум 2021: Мапирање на енергетската иднина” (МЕФ) насочен кон енергетската иднина на …

Амбициозно – Македонија до 2030 година треба да ги намали емисиите на стакленички гасови за 52 отсто Read More »

По напуштањето на собраниската сала од опозициските пратеници Џафери ја прекина седницата


Претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина 50-та седница пред да биде изгласан нејзиниот дневен ред и ја презакажа за утре во 12 часот, откако претходно пратениците од опозицијата, рекоа дека денеска нема да учествуваат во работата на Парламентот, поради тоа што не беа ставени како точка на дневен ред нивните предлог-одлуки за разрешување на министерот за здравство …

По напуштањето на собраниската сала од опозициските пратеници Џафери ја прекина седницата Read More »

Речиси 8.000 новозаразени во Србија, починаа 26 пациенти


Корона вирусот во Србија е потврден кај 7.723 луѓе во последните 24 часа, а во исто време, 26 пациенти починале како последица од овој вирус. Тестирани се 27.927 луѓе. На респиратор се приклучени 156 пациенти. Најмногу новозаболени се во Белград, 1.728. Следуваат Нови Сад со 445, Крагуевац со 308 и НИш со 302 заболени.

Штетите од невремето во јуни во прилепско проценети на 61 милион денари


Невремето од 21 јуни годинава кое зафати седум населени места во прилепско направи штета од 61 милион и 347 илјади денари. Ова е проценетата штета што ја направија комисиите, а прилепските советници денеска го усвоија извештајот. Беа погодени населените места Тополчани, Чепигово, Тројкрсти, Алинци, Канатларци, Ерековци и Клепач, како и неколку парцели од Веселчани, Подмол …

Штетите од невремето во јуни во прилепско проценети на 61 милион денари Read More »

ДИК: Изборните органи да ги почитуваат одредбите од Законот за заштита на лични податоци


Деновиве во општинските изборни комисии (ОИК) согласно Изборниот законик веќе се поднесуваат листи за кандидати за советници во советите на општините и за градоначалници. Сите ОИК во својство на изборен орган должни се да ги почитуваат одредбите од Законот за заштита на личните податоци, согласно кој децидно се уредува заштитата на лични податоци и правото …

ДИК: Изборните органи да ги почитуваат одредбите од Законот за заштита на лични податоци Read More »

За директорот на ОУ „Лазо Ангеловски“ судска забрана за малтретирање вработена во школо и мајка на два ученика


Скандалозното однесување во основното училиште „Лазо Ангеловски“ (Ново Лисиче, Аеродром) за кое алармираа повеќе вработени жени кои биле малтретирани и сексуално вознемирувани од директорот на училиштето привремено е решено по жалба пред суд, со повеќе изречени мерки за забрана, објави Телма.  Граѓанскиот суд во Скопје утврди постоење на насилство од страна на директорот на ООУ …

За директорот на ОУ „Лазо Ангеловски“ судска забрана за малтретирање вработена во школо и мајка на два ученика Read More »

„Напредни лозари” бара двојно повисоки субвенции за винско грозје


 Здружението „Напредни лозари” денеска јавно побара двојно да се зголемат субвенциите за одгледување винско лозје по хектар. – Оваа година Тиквешкиот регион го зафати суша каква не се памти многу одамна. Лозовите насади претрпеа големи штети. Сушата ги погоди и лозјата кои се под системи за наводнување. Тиквешкиот регион е скоро цел со лозови насади …

„Напредни лозари” бара двојно повисоки субвенции за винско грозје Read More »

Првиот ден на Јом Кипур неработен за припадниците на еврејската заедница


Четврток 16 септември, првиот ден на Јом Кипур, е неработен ден за припадниците на еврејската заедница во земјава, согласно со Законот за празниците, информира Министерството за труд и социјална политика. Истовремено, Министерството за труд и социјална политика на припадниците на еврејската заедница им го честита празникот Јом Кипур