„Отворен ден“ на економскиот факултет во Прилеп – компаниите нудат 350 работни места за студентите


Преку 10 компании од Пелагонискиот регион понудија 350 работни места за студентите и идните академски граѓани. На економскиот факултет во Прилеп, универзитетот „Свети Климент Охридски“ од Битола ја одржа манифестацијата „Отворен ден“ на која се зацврстува соработката меѓу академската заедница, бизнис секторот и локалните самоуправи кои се залагаат за локален економски развој.

Бизнис секторот смета дека е неопходно преструктуирање на работната сила што ја нуди академската заедница да одговара на потребите на пазарот на трудот.

– Не е во прашање недостигот од работна сили, туку од соодветна која ја бара пазарот на трудот. Ние сите, вклучувајќи ги и јавните институции треба да креираме општество и образование кои нудат работна сила која одговара на потребите на приватниот сектор. Но не е загубено, заедно со образованието, што е и причина што сме сите на економскиот факултет, можеме да направиме преструктуирање на потенцијалната работна сила за потребите на приватниот сектор во овој момент. Тоа може да се работи само со взаена соработка, изјави Ирена Јакимоска, претседател на Регионалната стопанска комора од Прилеп.

Неодамна универзитетот „Свети Климент Охридски ги промени актите за да може стручњаци од практиката да изведуваат практична настава и вежби на Универзитетот.

– Наскоро ќе излеземе со повик до бизнисите. Тие ќе може да испраќаат свои кадри да бидат избрани за држење практична настава, да го надминеме овој јаз и студентите да имаат доволно практична настава и знаења. рече Игор Неделковски, ректор на УКЛО.

Во оваа манифестација се вклучени и невладините органиѕазии кои нудат целосна соработка.

-Денес, како никогаш досега компаниите имаат проблем со наоѓање работна сила и вакви настани се многу значајни за вмрежување, за спојување на едно место и на академската, и на бизнис заедницата и јавниот сектор.

Ова е вторпат да се одржува манифестацијата. пролетоска се одржа во Битола. Се потпиша и меморандум за соработка на општина Пирлеп со универзитетот „Свети Климент Охридски“ од Битола.