Русија: Спречен напад со дрон во близина на Москва


Руската воздушна одбрана денеска соопшти дека соборила украинско беспилотно летало во близина на Москва.

Според руското Министерство за одбрана нападот бил одбиен во областа Истар северозападно од главниот град на Русија.

Градоначалникот на Москва, Сергеј Собјанин на Телеграм објави дека прелиминарните извештаи покажуваат дека нема жртви или штети, но дека итни служби се на терен.