Мбапе: Мора да победиме во Дортмунд, бидејќи сакаме да го заземеме првото место во групата


Напаѓачот на ПСЖ, Килијан Мбапе не се откажува од првото место во групата во Лигата на шампионите и покрај „киксот“ со Њукасл во 5. коло. Парижаните синоќа на домашен терен одиграа 1:1 спасувајќи се од пораз со пенал во осмата минута од судиското надополнување. – Резултатот е тешко да се прифати, имавме толку многу шанси …

Мбапе: Мора да победиме во Дортмунд, бидејќи сакаме да го заземеме првото место во групата Read More »

Бездомник од Италија добил 37.000 евра на лотарија, едвај ги зел парите


Бездомникот од Италија, Џанлуиџи, познат како Касано, ќе добие 30.000 евра кои ги освоил минатиот месец, а кои не можеле да му бидат исплатени бидејќи личните документи му биле застарени. На 24 октомври добил премија од 37.000 евра на ливче за кое платил 1,5 евро, а на крајот по одбивањето на данокот ќе стави седум …

Бездомник од Италија добил 37.000 евра на лотарија, едвај ги зел парите Read More »

Бојан Јовановски пуштен на слобода


Осудениот во случајот „Рекет“,  Бојан Јовановски-Боки 13 е пуштен на слобода, потврдува за Канал 5 неговиот адвокат, а неофицијална потврда има и од Кривичниот суд. Причината е лошата здравствена состојба, за што Кривичен суд добил лекарски извештаи од повеќе доктори, како и цели лекарски козилиуми. Ова значи дека Боки 13 ќе се лекува од слобода, откако му …

Бојан Јовановски пуштен на слобода Read More »

Светскиот шампион повеќе не е милионер, намерно ги потрошил пари за да си ја спаси кариерата


Актуелниот светски шампион во снукер Лука Бресел вели дека потрошил поголем дел од своите пари и дека повеќе не е милионер, а сето тоа го направил за повторно да се мотивира. Белгискиот ас, кој го шокираше Марк Селби на „Крусибл“ во мај за да ја освои својата прва светска титула, вели дека изгубил голем дел …

Светскиот шампион повеќе не е милионер, намерно ги потрошил пари за да си ја спаси кариерата Read More »

Франција ќе го забрани пушењето на плажите, во парковите, шумите и во близина на училиштата


Франција ќе го забрани пушењето на сите нејзини плажи, како и во јавните паркови, шумите и во близина на училиштата, откако претседателот Емануел Макрон вети дека ќе ја создаде „првата генерација непушачи“ до 2032 година, пишува „Гардијан“. „Од сега па натаму, местата за непушачи ќе бидат норма“, изјави францускиот министер за здравство Орелиен Русо. Во …

Франција ќе го забрани пушењето на плажите, во парковите, шумите и во близина на училиштата Read More »

Ловечката федерација се вклучува во потрагата по Вања Ѓорчевска


Ловечката fедерација на Македонија преку социјалните мрежи ги повика сите ловци да се вклучат во потрагата по Вања Ѓорчевска. Тие апелираа за секоја информација да се извести Министерството за внатрешни работи. МВР интензивно трага по 14-годишната Вања Ѓорчевска откога вчера, во 8.35 часот утрото, мајка ѝ пријавила дека е исчезната. Министерството за внатрешни работи со …

Ловечката федерација се вклучува во потрагата по Вања Ѓорчевска Read More »

Како да го заштитите менталното здравје од вознемирувачки воени вести и слики


Луѓе кои плачат над мртвите членови на семејството, стојат облеани во крв покрај уништените домови или бегаат од воени конфликти во паника и гнев. Малкумина можат да ги избегнат или игнорираат дневните мрачни извештаи и ужасните слики од војната во Украина или конфликтот меѓу Израел и Хамас на телевизија, а особено на социјалните мрежи. Сите …

Како да го заштитите менталното здравје од вознемирувачки воени вести и слики Read More »

Со средства од Бирото за регионален развој ќе се подобруваa патиштата во пехчевски Чифлик


Општина Пехчево ќе ја подобрува патната инфраструктура во селото Чифлик. Средствата, како што информираше градоначалникот на Општината, Александар Китански, се обезбедени од Бирото за регионален развој согласно со јавните повици од страна Бирото за регионален развој. – Во рамки на овој повик потпишав договор за финансирање од страна на Министертвото за локална самоуправа, преку Бирото …

Со средства од Бирото за регионален развој ќе се подобруваa патиштата во пехчевски Чифлик Read More »

Финска целосно ја затвора границата со Русија


 Владата на Финска одлучи целосно да ги затвори сите копнени гранични премини со Русија од 30 ноември до 13 декември, објави премиерот Петери Орпо. Според него, Хелсинки смета дека краткорочното и целосно затворање на граничните премини ќе биде ефикасно решение за проблемот со приливот на мигранти од руска територија во Финска. „Целта е што поскоро …

Финска целосно ја затвора границата со Русија Read More »

Индија: Спасувачите ги извлекоа заробените работници во урнатиот тунел (видео)


  Спасувачите во Индија во вторникот стигнаа до 41 градежен работник кои беа заробени во урнат планински тунел повеќе од две недели на северот на земјата и ги извлекоа, објави локалната новинска агенција. Работниците се извлекуваат преку премин направен од заварени цевки кои спасувачите претходно ги туркале низ нечистотија и камења. Спасувачката мисија го привлече …

Индија: Спасувачите ги извлекоа заробените работници во урнатиот тунел (видео) Read More »

Зградата на Радио Белград е евакуирана поради закана за бомба


Зградата на Радио Белград денеска е евакуирана поради закана за бомба. Вработените се пред зградата, безбедно, како што објави Блиц. Пред неколку дена оваа зграда беше евакуирана поради закана од бомба.

Во Германија за еден месец регистрирани речиси 1.000 антисемитски инциденти


 Во Германија во првиот месец од војната меѓу Израел и палестинската милитантна група Хамас пријавени се вкупно 994 антисемитски инциденти. Тоа се 29 случаи дневно, што е за 320 отсто повеќе од дневниот просек во 2022 година, соопшти денеска Федералната асоцијација за истражување и информации за антисемитизмот (Риас) во Берлин. Податоците се однесуваат на периодот …

Во Германија за еден месец регистрирани речиси 1.000 антисемитски инциденти Read More »

Kривична пријава против ирачки државјанин кој криумчарел мигранти преку Македонија


Националната единица за сузбивање на криумчарење мигранти и трговија со луѓе при Сектор за криминалистички истраги во Оддел за сузбивање на организиран и сериозен криминал, до ОЈО за ГОКК, поднесе кривична пријава против А.Ј.(28), поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „организирање на група и поттикнување на извршување на делата трговија со луѓе, …

Kривична пријава против ирачки државјанин кој криумчарел мигранти преку Македонија Read More »

МВР објави фотографија и опис од исчезнатата Вања Ѓорчевска


Министерството за внатрешни работи денеска објави фотографија и опис за Вања Ѓорчевска во регистарот на исчезнати лица на Северна Македонија. -ЃОРЧЕВСКА ВАЊА, татко Александар, мајка Зорица, родена 27.2.2009 година во Скопје. Исчезната на 27.11.2023 година во утринските часови на пат кон ООУ ‘Песталоци’ во општина Центар Скопје. Опис: висина 175 см, тежина 58 кг, коса …

МВР објави фотографија и опис од исчезнатата Вања Ѓорчевска Read More »

Патишта и проекти за развој на туризмот се реализираа во општините од североисточниот регион


Бројни проекти за изградба на патишта во помалку развиените општини како и проекти од туризмот се реализираа тековната 2023-та во североисточниот регион, информираа денеска од Центарот за развој на североисточниот плански регион (СИПР) Куманово. – Од две апликации, финансирани и одобрени од Бирото за рамномерен регионален развој реализирани се повеќе патни правци. Во Крива Паланка …

Патишта и проекти за развој на туризмот се реализираа во општините од североисточниот регион Read More »

(Фото) Во Белград градски автобус се преполовил додека возел


Во Белград, Србија,  автобус на градското сообраќајно претпријатие ГСП буквално се подели на половина, пишува Блиц. Се работи за голем, зглобен автобус, а пукна таканаречената хармоника, па градскиот автобус го подели на половина. Од ГСП потврдија дека се работи за возило од нивниот возен парк, а сѐ се случило на Машинскиот факултет, среде возење. Во …

(Фото) Во Белград градски автобус се преполовил додека возел Read More »

СЗО: Во Газа повеќе луѓе ќе умрат како последица од заразни болести отколку при бомбардирање


Портпаролот на Светската здравствена организација (СЗО), Маргарет Харис изјави дека во Газа повеќе луѓе ќе умрат како последица од заразни болести отколку при бомбардирање ако здравствениот систем не се подобри. Таа го опиша колапсот на болницата Ал-Шифа во северниот дел на Појасот Газа како трагедија и изрази загриженост поради приведувањето на медицинскиот персонал од страна …

СЗО: Во Газа повеќе луѓе ќе умрат како последица од заразни болести отколку при бомбардирање Read More »

Се прекинува стручната расправа за донесување на Генерален урбанистички план на Струмица


Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов, денеска објави известување за прекинување на стручната расправа за донесување на Генерален урбанистички план за град Струмица. Како што стои во известувањето, прекинувањето е по предлог на Комисијата за урбанизам, формирана од градоначалникот, како и предлогот од Комисијата за стручна расправа, постапката за стручна расправа со јавна презентација и јавна …

Се прекинува стручната расправа за донесување на Генерален урбанистички план на Струмица Read More »

Од руските студенти се бара да донираат искористени вајпови што ќе се употребат за производство на дронови


Од руските студенти се бара да ги донираат своите искористени вајпови на војската за да може да се користат деловите од електронските цигари за производство на борбени дронови за напад на Украина, се вели во извештајот. Студентите на Универзитетот Самара во југозападна Русија собираат фрлени електронски цигари од своите врсници за да ја поддржат руската …

Од руските студенти се бара да донираат искористени вајпови што ќе се употребат за производство на дронови Read More »

Сѐ поскапо е да се изгради куќа


Трошоците во градежништвото за изградба на нови објекти за индивидуално домување во третото тримесечје од годинава се повисоки за 0,4  отсто отколку во второто тримесечје,  додека трошоците за материјали се пониски за 1,8, а трошоците за вработените се повисоки за 4,2  отсто. Според податоците на Државниот завод за статистика, во споредба, пак, со третото тримесечје …

Сѐ поскапо е да се изгради куќа Read More »