Четири лица се степале во тетовско поради нерасчистени имотно-правни односи


Вчера во 12 часот и 55 минути во СВР Тетово пријавено е дека во тетовското село Пирок бил нарушен јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка во која учествувале четири лица од ова село, а поради нивни нерасчистени имотно-правни односи за кои воделе судски спор, извести СВР Тетово.

Десетина минути подоцна, во Полициското одделение Камењане се пријавиле двајца од инволвираните во пресметката 29-годишниот Ф.И. и 25-годишниот К.И., а обезбедени, исто така, се и другите двајца инволвирани, додаваат од СВР Тетово.

Случајот целосно е расчистен и на учесниците во нарушувањето ќе им бидат изготвени соодветни поднесоци.