Во Скопје, пронајдени двете девојчиња од Струшко, кои пред два дена се оддалечиле од дома


 Полициски службеници денеска ги пронајдоа двете девојчиња од струшко, што завчера вечерта беа пријавени дека се оддалечиле од домот.

Портпаролот на СВР Стефан Димоски информира дека малолетничките биле пронајдени во Скопје и ќе им бидат предадени на родителите

– Полициски службеници од ЕБР Центар и Бит Пазар при СВР Скопје, денеска во центарот на Скопје ги пронајдоа двете малолетни девојчиња А.С.(15) од селото Ложани и Т.П. (14) од селото Мороишта, и тие ќе бидат предадени на родителите, изјави Димоски.

Двете девојчиња, според него, и претходно биле пријавувани дека се оддалечувале од домот и биле враќани.

Двете малолетнички биле пријавени во средата вечерта во Полициската станица во Струга дека се оддалечиле од дома од мајката на едно од девојчињата.