Хуавеј: САД ја потценуваат нашата сила


Основачот и извршен директор на Хуавеј, Рен Женгфеи изјави дека САД ја „потценуваат” неговата компанија. – Американскиот политички персонал според сегашните процедури покажува дека ја потценува нашата сила, рече Рен во интервју за ЦЦТВ и други кинески медиуми. Тој посочи дека компанијата има алтернатива за набавка на чипови и оти во таа смисла не може …

Хуавеј: САД ја потценуваат нашата сила Read More »

Словенија бара 100 тони македонски мед


Во Македонија нема регистрирано препарати за заштита на пчелите, реагираат пчеларите. На одбележувањето на Светскиот ден на пчелата, кажаа дека се принудени да се снаоѓаат кој како знае и умее. Поради намалувањето на производството на мед, не знаат дали ќе има доволно за да го задоволат побарувањето за извоз во Словенија. „Купуваме препарати за заштита …

Словенија бара 100 тони македонски мед Read More »

Ременски: Немам личен судир со Спасовски, туку судир на концепти


-Немам личен судир со министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, туку имаме судир на концепти во однос на реформата во безбедносниот сектор, ни изјави потпретседателката на Собранието Фросина Ременски. Таа и Спасовски се и потпретседатели на СДСМ, а сомневањата за судир меѓу нив се разгореа околу денешната седница на собраниската Комисија за избори и именувања, …

Ременски: Немам личен судир со Спасовски, туку судир на концепти Read More »

Директорката на Клиниката за детски болести поднесе оставка


Директорката на Клиниката за детски болести, професор д-р Катарина Ставриќ си поднесе оставка од функцијата. Информацијата за оставката за Независен весник ја потврди министерот за здравство Венко Филипче. Тој вели дека д-р Ставриќ оставката ја поднела за време на изборниот процес од лични причини. Во периодот што следи министерот ќе разговара со неа дали и …

Директорката на Клиниката за детски болести поднесе оставка Read More »

(ВИДЕО) Објавена скандалозната снимка што ја размрда политиката во Австрија


Австрискиот заменик-канцелар Хајнц Кристијан Штрахе од ФПО на видео-снимка се гледа како разговара со девојка која, наводно, е внука на руски олигарх, во луксузно одморалиште на Ибица. Австрискиот политичар на девојката и понудил исплатливи државни зделки во замена за поддршка за неговата кампања. Откако снимката излезе во јавност, Штрахе и неговиот сопартиец Јохан Гуденус, кој …

(ВИДЕО) Објавена скандалозната снимка што ја размрда политиката во Австрија Read More »

Отворен 7. Интернационален литературен фестивал „Про-За-Балкан“


„Беше еднаш во Скопје“. Вака симболично во духот на добро раскажување, синоќа во Даут-пашиниот амам беше отворен 7. Интернационален литературен фестивал „Про-За Балкан“. Амбасадори, културни аташеи, писатели, љубители на пишаниот збор беа дел од публиката, која имаше ретка можност на едно место да види толку големи имиња од балканската литература, информираат од тимот на „Про-За …

Отворен 7. Интернационален литературен фестивал „Про-За-Балкан“ Read More »

Убиени 11 лица во бар во Бразил


Единаесет лица се убиени, а едно е рането во бар во градот Белем, во северен Бразил, јавија локалните медиуми. Вооружени напаѓачи кои носеле маски на лицата стигнале до барот во населбата Гвама со мотори и автомобили и убиле шест жени и петмина мажи. Нема податоци за мотивот на нападот и се уште нема уапсени. Населбата …

Убиени 11 лица во бар во Бразил Read More »

По мерките од САД кон Кина: Новите телефони на „Хуавеј“ нема да имаат г-меил, гугл и плејстор


„Гугл“ ја прекинува соработката со кинеската компанија „Хуавеј“, по мерките на САД против Кина. Мерката ги опфаќа сите зaеднички дејности во врска со трансферирање хардвер, софтвер и сервисите, но не и софтверот со отворен код што се развива во „Гугл“ и кој „Хуавеј“ би можел да го користи, како што е програмата АОСП – отворена …

По мерките од САД кон Кина: Новите телефони на „Хуавеј“ нема да имаат г-меил, гугл и плејстор Read More »

Прв самостоен концерт на „Брука“ во МКЦ


На 28 мај, во Младинскиот културен центар свој самостоен концерт ќе одржат „Брука“ и во рамките на настапот ќе го промовираат својот прв албум „До преѓе“. -Ние од наша страна ќе подготвиме двочасовно музичко, автохтоно, македонско реге, позитивна вибрација и многу изненадувања, а од вас се очекува да дојдете и да уживате во звукот и …

Прв самостоен концерт на „Брука“ во МКЦ Read More »

Поднесени 91 амандман на законот за Агенцијата за национална безбедност


Членовите на собраниската Комисија за одбрана и безбедност расправаат по вкупно 91 амандман по Предлог-законот за Агенцијата за национална безбедност. Од досега разгледаните на седницата прифатени се амандмани со кои мандатот на директорот и на заменикот на Агенцијата е прецизирано да биде четири години со право на реизбор, додека работниот стаж потребен за овие функции …

Поднесени 91 амандман на законот за Агенцијата за национална безбедност Read More »

Курц: Кикл не може сам себе си да се истражува


Австрискиот канцелар Себастијан Курц смета дека министерот за внатрешни работи Херберт Кикл, по аферата во која е вмешан врвот на неговата Слободарска партија (ФПО), не може да остане на местото шеф на полицијата. ФПО изминатиов викенд остана без лидерот и потпретседателот, Хајнц Кристијан Штрахе и Јохан Гуденус, откако се појавија видео снимки од 2017 година …

Курц: Кикл не може сам себе си да се истражува Read More »

Солун и Атина се поврзуваат со експресен воз


Од денеска Солун и Атина се поврзуваат со експресен воз, кој времето на патување од над пет часа ќе го намали на четири, јави дописничката на МИА од Атина. Патувањето од Солун до Атина ќе трае 3 часа и 57 минути, а од Атина до Солун, 4 часа и 10 минути. И во двата правци, …

Солун и Атина се поврзуваат со експресен воз Read More »

ЗНМ: Да се повлече обвинението против Кежаровски


Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ) денеска на прес-конференција побара од Основното јавно обвинителство да го повлече, а од Кривичниот суд да го отфрли обвинението против новинарот Томислав Кежаровски. Претседателот на ЗНМ Младен Чадиковски соопшти дека утрово ја разгледале одлуката на Врховниот суд за предметот на Кежаровски и едногласно одлучиле дека ЗНМ до крај ќе …

ЗНМ: Да се повлече обвинението против Кежаровски Read More »

Директорот на ДЗЛП си поднесе оставка


Директорот на Дирекцијата за заштита на личните податоци, Горан Трајковски, си поднесе оставка од функцијата. Во барањето, Трајковски вели дека оставката е од лични причини. „Во изминатиот период раководејќи со Дирекцијата за заштита на лични податоци, силно помогнат од вработените, Собранието и соодветните владини институции успеавме да покажеме и докажеме дека слабостите се препознаени и …

Директорот на ДЗЛП си поднесе оставка Read More »

Дванаесет поени за Тамара, кец за менталитетот


До кога ќе кукаме дека некој друг ни е виновен за нашето чувство за пораз, дури и во моменти кога не сме поразени? Настапот на Тамара Тодевска е најдобриот пласман во историјата на нашето учество на „Евровизија“. Тоа е факт. Заврши меѓу првите десет изведувачи и тоа со најдобри резултати што ги дадoa стручни жири-комисии. …

Дванаесет поени за Тамара, кец за менталитетот Read More »

Во Женева ќе се казнува за возење пребучен автомобил


Политичари во Женева планираат да воведат казни за возачи на пребучни автомобили кои полицијата ќе ги „лови“ на радари за бучава, објави германското списание Аутобилд. Женевското градско собрание има намера до средината на оваа година да прогласи обврзно ниво на бучава на автомобилите, камиони и мотори. Активисти повикуваат градските власти да ограничат бучава на 80 …

Во Женева ќе се казнува за возење пребучен автомобил Read More »

Наставниците бараат помалку ученици и поголеми плати


Просветните работници се соочуваат со проблеми на сите нивоа на образование, а за горливите проблеми и новините што треба да се направат направиле помеѓу себе анкета. Предлозите и забелешките ги кажаа на трибината во организација на Сојузот на просветните работници и Министерството за образование и наука.  Забележуваат дека во паралелките и натаму има над 30 …

Наставниците бараат помалку ученици и поголеми плати Read More »

Спасовски меѓу два огна за разузнавачката реформа


Речиси 100 амандмани се поднесени на законот со кој се предвидува формирање нова агенција за безбедност, со кој практично се става „клуч на врата“ на досегашната УБК, овој сектор се одвојува од МВР и преминува под ингеренција на Владата. Најголем дел од амандманите, близу 50, се усогласени меѓу работните групи на СДСМ и на ВМРО-ДПМНЕ, …

Спасовски меѓу два огна за разузнавачката реформа Read More »

ЦСКА Москва нов европски кошаркарски шампион


Екипата на ЦСКА Москва е нов европски шампион во кошарка, откако вечерва во финалето од завршниот „Фајнал фор“ турнир во Виторија го победи Анадолу Ефес со 91:83. За ЦСКА, ова е четврти трофеј во Евролигата во новиот формат и осми наслов шампион на Европа. Московјаните се искачија на кошаркарскиот трон во Европа во 1961, 1963, …

ЦСКА Москва нов европски кошаркарски шампион Read More »

По пет недели завршија парламентарните избори во Индија


Со спроведувањето на седмата фаза од гласањето, денеска, по пет недели, завршија парламентарните избори во Индија. Броењето на гласачките ливчиња ќе почне в четврток, за кога се очекува објавувањето и на првичните изборни резултати. Излезните анкети од гласањето посочуваат на победа на блокот на владејачката националистичка Индиска народна партија (БЈП) на премиерот Нарендра Моди. Според …

По пет недели завршија парламентарните избори во Индија Read More »