(ВИДЕО) Објавена скандалозната снимка што ја размрда политиката во Австрија


Австрискиот заменик-канцелар Хајнц Кристијан Штрахе од ФПО на видео-снимка се гледа како разговара со девојка која, наводно, е внука на руски олигарх, во луксузно одморалиште на Ибица. Австрискиот политичар на девојката и понудил исплатливи државни зделки во замена за поддршка за неговата кампања. Откако снимката излезе во јавност, Штрахе и неговиот сопартиец Јохан Гуденус, кој го договорил состанокот поднесоа оставки. А скандалот „Ибица“ доведе до најавите на германскиот канцелар Себастијан Курц за предвремени избори во септември, пренесува британски „Гардијан“.

Останува нејасно кој ја спровел внимателно испланираната тајна операција во која беше „фатен“ Штрахе.

Иако видеото било снимено во јули 2017 година, во медиумите стигна минатата недела. Германските весници „Шпигел“ и „Зидојче цајтунг“ кои го добија видео-материјалот, одбија да го коментираат потеклото на снимката, со цел да ги заштитат изворите.

Но, тие назначија руски преведувач и експерти да ја потврдат автентичноста на снимката. При соопштувањето на оставката, Штрахе го окарактеризира видеото како „стапица со мед поставена од разузнавачки служби“, а наведе и уште неколку осомничени кои можеле да знаат за видеото, меѓу кои е германскиот сатиричар Јан Бемерман.