Директорката на Клиниката за детски болести поднесе оставка

Директорката на Клиниката за детски болести, професор д-р Катарина Ставриќ си поднесе оставка од функцијата.

Информацијата за оставката за Независен весник ја потврди министерот за здравство Венко Филипче.

Тој вели дека д-р Ставриќ оставката ја поднела за време на изборниот процес од лични причини. Во периодот што следи министерот ќе разговара со неа дали и понатаму останува на стаовт да замине. Доколку е така ќе се бара ново решение за директорската функција на Клиниката за детски болести.