Спасовски – дежурен критичар на судот


Ниту од Кривичниот суд, ниту од Специјалното јавно обвинителство нема реакција на изјавата на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски, за критиките кон правосудните органи откако осомничениот бизнисмен Орце Камчев доби времен пасош за да учествува на седница на некој управен одбор и на мистериозна едукација во странство. Министерот и во своето обраќање и потоа …

Спасовски – дежурен критичар на судот Read More »

По година и пол: Фатен убиец кој застрела момче со калашников


По една и пол година, полицијата го уапси осомничениот за убиството на младиот Бурим Идризи кој беше застрелан со калашников од автомобил во движење. Како што соопшти полицијата, дваесет и деветгодишниот осомничен, Орхан Амети бил приведен денеска на локалниот пат Зелениково – Моране. Дваесет и четиригодишниот Идиризи беше застрелан на 20 декември 2017 година на …

По година и пол: Фатен убиец кој застрела момче со калашников Read More »

Планинар со срцев удар од Шар Планина пренесен на скопските клиники


Планинар кој наверојатно доживеал срцев удар додека се движел со група на релација Бозовце – Скакаличко езеро, денеска со хеликоптер на Министерството за внатрешни работи од Шар Планина е однесен на скопските клиники. Како што соопшти портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски, член на планинарскиот клуб „Јелак“ од Тетово во 11 часот се јавил во …

Планинар со срцев удар од Шар Планина пренесен на скопските клиники Read More »

Борис Џонсон: Му спуштив телефон на Трамп, мислев е шега


Поранешниот британски министер за надворешни работи и сегашен кандидат за премиер на таа земја Борис Џонсон изјави дека американскиот претседател Доналд Трамп, при неодамнешната посета на Лондон, се обидел со него да разговара телефонски, но тој помислил дека е шега и ја прекинал врската. Са „Сандеј тајмс“ Џонсон вели дека примил повик од некој кој …

Борис Џонсон: Му спуштив телефон на Трамп, мислев е шега Read More »

Полските хулигани си заминаа – Платиле вкупно 33 илјади евра за казни


Наместо да ја бодрат својата репрезентација на трибините и да ја слават нејзината победа, над двесте полските навивачи ќе ја паметат македонската полиција и судови. Тие веќе си заминаа во Полска, но со 150 евра помалку, пари што ги дадоа за казна која ја платија за масовната тепачка што се случи во Градскиот парк во …

Полските хулигани си заминаа – Платиле вкупно 33 илјади евра за казни Read More »

Утре во Софија прв состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија


Првиот состанок на Заедничката меѓувладина комисија меѓу Северна Македонија и Бугарија ќе се одржи утре во Софија согласно обврските кои произлегуваат од Договорот за пријателство, добрососедство и соработка, потпишан меѓу двете земји  во август 2017 година. Со Комисијата, како што информираат од МНР, ќе ко-претседаваат министерот за надворешни работи Никола Димитров и министерката за надворешни …

Утре во Софија прв состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија Read More »

Студија: Се повеќе студенти во САД се гладни или се бездомници


Се поголем број студенти од САД се гладни или се бездомници, според студија од непрофитабилната организација „Hope Center for College, Community and Justice”. Во нивната студија биле вклучени повеќе од 167 илјади студенти на 101-на двегодишна програма на државни универзитети и четиригодишни програми на 68 универзитети. Речиси половина од учесниците во студијата, велат дека во …

Студија: Се повеќе студенти во САД се гладни или се бездомници Read More »

Груевски на тајна средба со помошник секретарот на унгарското МНР


Унгарското Министерство за надворешни работи потврди дека нивни функционер имал средба со азилантот Никола Груевски во стан во Будимпешта, откако унгарскиот портал „444.ху“ го сними осудениот избеган експремиер на заминување од средбата. „Не е ништо посебно Министерството за надворешни работи да биде во контакт со личност во Унгарија, која била премиер во својата земја долг …

Груевски на тајна средба со помошник секретарот на унгарското МНР Read More »

МЗТ Скопје убедливо го победи Работнички


МЗТ Скопје Аеродром убедливо, со  80 спрема 44, го порази актуелниот шампион Работнички во првиот од серијата финални натпревари.   Најуспешен од МЗТ беше капитенот Дамјан Стојановски со 17 поени, проследен од Магдевски со 13 поени, Иванов со 10, а Вудард, Симоновски и Самарџиски постигнаа по девет поени. Кај Работнички, двоцифрена бројка постигнаа само Јаневски …

МЗТ Скопје убедливо го победи Работнички Read More »

Aлбанскиот претседател Илир Мета ги одложи локалните избори


Албанскиот претседател Илир Мета го одложи одржувањето на локалните избори на 30 јуни. Во соопштенето од неговот кабинет тој искажа големата загрженост поради длабоката политичка криза во земјата поради „несогласувањето на ни една страна“ да се седне на дијалог. -Имајќи ја предвид итната потреба да се смири ситуацијата и ризикот од непредвидлива ескалација на конфликтот …

Aлбанскиот претседател Илир Мета ги одложи локалните избори Read More »

Австралијката Ешли Барти го освои Роланд Гарос


Австралијката Ешли Барти е победничка на годинешното отворено француско првенство Роланд Гарос. Осмата носителка на финалето ја порази чешката тенисерка  Маркета Вондрушова со два нула во сетови, односно 6:1 и 6:3 во гемови, со што ја потврди улогата на фаворит. За Барти ова е прва Гранд слем титула со што се запиша во историјата на …

Австралијката Ешли Барти го освои Роланд Гарос Read More »

Архитекти предупредуваат: кровот на Нотр Дам се уште може да се урне


Париз – Во Франција се уште трае полемиката за начинот и методите што францускиот претседатал ги избра за обнова на катедралата Нотр Дам во Париз која во април ја зафати голем пожар. Околу 150 работници се уште работат на расчистување на урнатините и се обидуваат да ја стабилизираат катедралата. Сепак, главниот шеф на проектот за …

Архитекти предупредуваат: кровот на Нотр Дам се уште може да се урне Read More »

Протестен марш во Скопје: КСС бара повисоки плати и K-15 во јавниот сектор


Усогласување на платите во јавниот сектор согласно со покачувањето на минималната плата и исплата на К-15 во јавниот сектор, бара Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС). Овие барања синдикалците ги изнесоа попладнево на протестен марш во Скопје, кој почна  пред Собранието, а заврши пред Владата. Претседателот на КСС Благоја Ралповски посочи дека тие се и против  …

Протестен марш во Скопје: КСС бара повисоки плати и K-15 во јавниот сектор Read More »

Демократската партија во САД ги почнува дебатите за избор на претседателски кандидат


Вашингтон – За помалку од три недели започнуваат демократските дебати во САД, прв важен чекор во изборот на претседателски кандидат од страна на Демократската партија, но трката за Хауард Шулц, поранешен директор и основач на „Старбакс“, најверојано заврши. Во моментов, повеќе од 20 демократи се борат за номинација. Ги има од сите делови на политичкиот …

Демократската партија во САД ги почнува дебатите за избор на претседателски кандидат Read More »

Тим го совлада Ѓоковиќ и се пласира во финалето на „Ролан Гарос“


Париз – Доминик Тим се квалификуваше втора година по ред во финалето на „Ролан Гарос“, каде што ќе се соочи повторно со Рафаел Надал по поразот од Шпанецот во 2018 година. Австриецот дојде до решавачкиот натпревар откако победи со 6:2, 3:6, 7:5, 5:7, 7:5 над Новак Ѓоковиќ. Дуелот помеѓу Тим и Ѓокович почна вчера и …

Тим го совлада Ѓоковиќ и се пласира во финалето на „Ролан Гарос“ Read More »

Независниот полициски синдикат со укажувања за мобинг


Независниот полициски синдикат денеска предупреди на засилени притисоци врз полицајците, односно за мобинг врз припадниците на сите оддели во службата. Претседателот на Независниот полициски синдикат Гоце Делчев Тодев изјави дека јавноста треба да биде запозната за притисоците врз полицајците, како од дисциплински казни изречени од раководни органи, така и од криминални субјекти. – Јавноста треба …

Независниот полициски синдикат со укажувања за мобинг Read More »

(ФОТО) „Одлучен удар“ на Криволак


Тактичка вежба со боево гаѓање се одржa денеска на „Криволак“ во рамки на теренската вежба „Одлучен удар“, која од 5 јуни до 9 јули, во две ротации се одржува на Центарот за поддршка на обуката. Пешадија, артилерија и воздухопловни единици ќе учествуваат во тактичката вежба, која е отворена за медиумите, а ќе присустува и Џозеф …

(ФОТО) „Одлучен удар“ на Криволак Read More »

Тевдовски: Се забрзува економскиот раст


Забрзувањето на економскиот раст продолжува, што ја оправдува горната ревизија на економскиот раст на 3,5 проценти. Ако се оддржи ваквиот солиден раст таа проекција може да се надмине,  вели министерот за финансии Драган Тевдовски. – Растот од 4,1 процент во првиот квартал е на широка основа, односно има раст кај сите клучни сектори.  Ова ги …

Тевдовски: Се забрзува економскиот раст Read More »

Мицкоски: Европската перспектива е загрозена од власта


Според лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, европската перспектива е се позагрозена од, како што вели,  клиентелизмот на Зоран Заев и власта, неспособноста и егоистичните мотиви да се владее за свој личен бенефит. -ВМРО-ДПМНЕ ќе се однесува одговорно и ќе се бори земјава да добие датум за преговори, и покрај сите скандали, неработа, промашувања и измами …

Мицкоски: Европската перспектива е загрозена од власта Read More »

Преговори или избори


АЛЕКСАНДРА М. МИТЕВСКА Дали сме поблиску до датум за почеток на преговорите со ЕУ и до реконструкција на извршната власт или до нова политичка неизвесност и можни предвремени парламентарни избори? Тоа се две потенцијални траектории низ кои би продолжила државата откако премиерот Зоран Заев токму од Брисел порача дека сите, помалку или повеќе непопуларни потези …

Преговори или избори Read More »