Независниот полициски синдикат со укажувања за мобинг


Независниот полициски синдикат денеска предупреди на засилени притисоци врз полицајците, односно за мобинг врз припадниците на сите оддели во службата.

Претседателот на Независниот полициски синдикат Гоце Делчев Тодев изјави дека јавноста треба да биде запозната за притисоците врз полицајците, како од дисциплински казни изречени од раководни органи, така и од криминални субјекти.

– Јавноста треба да знае дека огромен е притисокот врз полициските службеници, како во МВР, така и во Министерството за земјоделство каде е шумската полиција, во Министерството за правда каде се затворската и судската полиција. Имаме зголемен број дисциплински престапи кои се регистрирани од раководни органи во наведените служби, рече Тодев.

Тој учествува на трибина на претставници на синдикатот со адвокати посветена на проблеми со притисоци врз вработените во службата.

Според Тодев, полицајците се жртви на одредени криминални структури во општеството, дополнително се товарат и казнуваат со дисциплински постапки од претпоставените што, како што рече, е почетна фаза на мобинг врз вработените.