Тим го совлада Ѓоковиќ и се пласира во финалето на „Ролан Гарос“


Париз – Доминик Тим се квалификуваше втора година по ред во финалето на „Ролан Гарос“, каде што ќе се соочи повторно со Рафаел Надал по поразот од Шпанецот во 2018 година. Австриецот дојде до решавачкиот натпревар откако победи со 6:2, 3:6, 7:5, 5:7, 7:5 над Новак Ѓоковиќ.

Дуелот помеѓу Тим и Ѓокович почна вчера и се доигра денес. Мечот беше прекинат четири пати поради дожд.

Тим  утре ќе се соочи со шпанскиот тенисер. Минатата година, Надал триумфираше со 6:4, 6:3, 6:2 против австрискиот тенисер на „Ролан Гарос“. Утрешниот натпревар се очекува со огромен интерес од навивачите на тенисот, бидејќи ќе излезат двата врвни тенисери.