(ФОТО) „Одлучен удар“ на Криволак


Тактичка вежба со боево гаѓање се одржa денеска на „Криволак“ во рамки на теренската вежба „Одлучен удар“, која од 5 јуни до 9 јули, во две ротации се одржува на Центарот за поддршка на обуката. Пешадија, артилерија и воздухопловни единици ќе учествуваат во тактичката вежба, која е отворена за медиумите, а ќе присустува и Џозеф Ленгиел, шеф на Бирото на националната гарда на САД.
Околу 2.700 војници од шест држави вклучувајќи ја и нашата учествуваат во оваа најголема воена вежба во земјава.

Фото: Борис Грданоски