Уапсено и петто лице за „камионот на смртта“


Ирската полиција соопшти дека уапсила машко лице кого британските власти го бараат во врска со случајот со камионот ладилник, во кој на југоистокот од Англија беа пронајдени 39 мртви лица. Осомниченото лице било уапсено во пристаништето во Даблин, јавија американските медиуми. Со ова апсење бројот на приведени лица во овој случај се зголеми на пет. …

Уапсено и петто лице за „камионот на смртта“ Read More »

Бискупите му предлагаат на папата и оженети мажи да бидат свештеници


На Синодот на римокатолички бискупи од Амазон што вчера заврши во Ватикан предложено е на оженетите мажи во зафрлените краишта да им се дозволи да бидат свештеници, што може да доведе до тектонски промени во црквата, која има вековна историја на целибат. Предлогот, што беше поднесен во завршниот документ од тринеделниот Синодот, на крајот беше …

Бискупите му предлагаат на папата и оженети мажи да бидат свештеници Read More »

Палеонтолошкиот локалитет Стамер прогласен за природна реткост


Откако палеонтолошкиот локалитет Стамер, кај Делчево, стана значаен локалитет на светската палеонтолошка карта, со одлука на Министерството за животна средина, а во согласност со Законот за заштита на природата, палеонтолошкиот локалитет Стамер е прогласен за природна реткост. Се работи за локалитет во чија близина се наоѓа палеонтолошка гробница на пикерминска фауна, која е детерминирана и …

Палеонтолошкиот локалитет Стамер прогласен за природна реткост Read More »

Сончево и топло со слаб северен ветер


Времето денеска ќе биде сончево и топло со слаб ветер од северен правец. Утринската температура ќе се движи од -1 до 7, а дневната од 22 до 29 степени. Во Скопје, сончево со утринска температура 3 и дневна до 26 степени. До вторник ќе се задржи сончево и топло време. Во среда облачноста ќе се …

Сончево и топло со слаб северен ветер Read More »

Пендаровски предлага вонреден самит на земјите од регионот


Нема алтернатива за членството во Европска унија и земјите од Западен Балкан треба да одржат Самит на кој ќе се отфрлат идеите за алтернативи за евроинтеграцијата, порача вчера од Тирана претседателот Стево Пендаровски. Пендаровски оцени дека вчерашната средба со албанскиот колега Илир Мета се одвива во вонредни услови откако пред една недела двете земји не …

Пендаровски предлага вонреден самит на земјите од регионот Read More »

Почна зимското сметање на времето


Во три часот ноќеска почна зимското сметање на времето. Стрелките на часовникот се вратија за еден час наназад. Зимското сметање на времето ќе трае до последниот викенд во март следната година, кога треба да почне летното сметање на времето. Од 2021 година ќе стапи во сила предлогот за укинување на задолжителното поместување на часовникот за …

Почна зимското сметање на времето Read More »

Лекцијата од СОНК е дека најдобро се лови во матно


АЛЕКСАНДРА М. МИТЕВСКА Ако ништо друго, учениците, кои од 11 ноември нема да одат на настава – ако СОНК остане на најавата за генерален штрајк, ќе ја научат лекцијата дека најдобро се лови во матно. Таа животна лекција ја нема во учебниците од кои предаваат наставниците, кои во поголем дел, на 11 ноември, под водство …

Лекцијата од СОНК е дека најдобро се лови во матно Read More »

Деркоски: Одложувањето на пописот нема да влијае на Избирачкиот список


Поместувањето на пописот, кој првично беше планиран за април следната година, нема да се одрази на Избирачкиот список за предвремените парламентарни избори напролет, смета претседателот на ДИК, Оливер Деркоски. Во изјава за „Независен весник“ тој оценува дека пописот како статистичка операција не треба да се поврзува со Избирачкиот список. – Пописот е важен за да …

Деркоски: Одложувањето на пописот нема да влијае на Избирачкиот список Read More »

Со изборите дојдоа и штрајковите


Додека повеќе земјоделски здруженија се подготвуваа вчера за најавениот протест пред владата во Скопје, од Синдикатот на образованието, науката и културата стигна најава за штрајк и негативен одговор на понудата што министерот за образование Арбер Адеми им ја испорача пред неколку седмици:  Советот на СОНК едногласно донел одлука дека не го прифаќа предлогот на Министерството …

Со изборите дојдоа и штрајковите Read More »

Србија во Москва потпиша договор за слободна трговија со Евроазијската економска унија


Српската премиерка Ана Брнабиќ денеска во Москва потпиша Договор за слободна трговија меѓу Србија и Евроазиската унија (ЕАЕУ) со кој се проширува списокот на српски производи што можат да се извезуваат на територијата на ЕАЕУ без царина и со зголемување на квотите за извоз на стоки за кои важеа ограничувања. Договорот ќе ги замени постојните …

Србија во Москва потпиша договор за слободна трговија со Евроазијската економска унија Read More »

Н. Прв „ShortBus Design shop” во Скопје


На првиот организиран настан „ShortBus Design shop” кој го организира супкултурниот центар „ShortBus” учествуваат 11 дизајнери од различни сфери. Настанот е покриен со различни дизајни односно: моден дизајн, дизајн на маици, накит, перници, чаши, торби, графики, колажи. Идејата на настанот е да се соберат различни дизајнери како и различна публика. Супкултурниот центар „ShortBus” отвора место …

Н. Прв „ShortBus Design shop” во Скопје Read More »

Мицкоски ќе чека избори колку што Заев чекаше влада


Претстојните априлски избори ќе бидат десетти во историјата на плурализмот во земјава, а петти по ред вонредни. Премиерот Зоран Заев мината седмица, по француското „не“ за Македонија на самитот на ЕУ, најави брзи избори, по што, на лидерската средба во претседателската резиденција, побарал тие да се одржат на 22 или на 29 декември годинава. Но, …

Мицкоски ќе чека избори колку што Заев чекаше влада Read More »

Заев сведочеше за прислушувањето: Мијалков е виновен, но лошотијата доаѓа од Груевски


Четири години откако ги обелодени „бомбите“ во јавноста и обвинуваше дека тогашниот директор на УБК, Сашо Мијалков масовно прислушува, премиерот Зоран Заев конечно се соочи со него и со другите обвинети за масовното прислушување во судница. Но, во своето сведочење Заев ниту еднаш не го спомена Мијалков, а тој пак немаше ниту едно прашање да …

Заев сведочеше за прислушувањето: Мијалков е виновен, но лошотијата доаѓа од Груевски Read More »

Арсовска: Очекуваме колективен договор до крајот на годинава


Има позитивна политичка волја за да се донесе и потпише колективниот договор за културата до крајот на оваа календарска година. Ова е заклучокот по денешната средба во владата меѓу Синдикатот за култура (СКРМ) со премиерот Зоран Заев, националниот координатор за култура и претставници од Министерството за култура. „Ние како СКРМ доставивме еден предлог и направивме …

Арсовска: Очекуваме колективен договор до крајот на годинава Read More »

Видиновски со втор соло албум: Ги избегнувам моменталните електронски трендови


Скопскиот артист и диџеј Александар Видиновски в петок, 25 октомври, во клубот „Епицентар“ ќе го промовира својот втор соло албум насловен „Patterns 2“. Видиновски, по две години откако го издаде првенчето „Patterns“, се навраќа да ја доврши креативната целина. – Ако во првиот албум главна тема ми беше просторот, во овој тоа е времето. Идејата …

Видиновски со втор соло албум: Ги избегнувам моменталните електронски трендови Read More »

Светските критичари: „Врба“ беше најинтересниот филм во Рим


По светската премиера на филмот „Врба“ во режија на Милчо Манчевски на 14. Филмски фестивал во Рим, со позитивни коментари се огласија повеќе светски филмски критичари. Тие се едногласни во ставот дека станува збор за величествен камбек на Манчевски, кого го споредуваат со Бергман, а „Врба“ го оценуваат како еден од најинтересните филмови на фестивалот …

Светските критичари: „Врба“ беше најинтересниот филм во Рим Read More »

Објавена збирката раскази „Неми филмови“ од Димитар Димоски


Објавена е збирката раскази „Неми филмови“ од Димитар Димоски, како 176 издание во едицијата „ПРОаЗА“ на издавачката куќа „Или-Или“. Со години наназад „Или-Или“ ги поддржува македонските дебитантски автори. Румена Бужаровска, Снежана Младеновска Анѓелков, Ирена Јорданова, Давор Стојановски, Силвија Митевска, Игор Анѓелков… своите први книги ги издадоа токму во/за „Или-Или“. Оваа низа на најдобар можен начин …

Објавена збирката раскази „Неми филмови“ од Димитар Димоски Read More »

Коѕијас: Потребна е активна политика и иницијативи од Грција по ветото од Макрон


Грција треба да преземе иницијативи и да се сретне, да разговара, да се координира со земјите кои што го делат истиот став за стабилноста на Балканот во однос на европската перспектива на Северна Македонија, рече претседателот на движењето „Прато“ и поранешен министер за надворешни работи на Грција, Никос Коѕијас, за време на конференцијата „За прогресивна …

Коѕијас: Потребна е активна политика и иницијативи од Грција по ветото од Макрон Read More »

Прво зачленување во НАТО, па распуштање на парламентот


Премиерот Зоран Заев пресметал дека заокружувањето на процедурата за официјално членство на Северна Македонија во НАТО нема да се наметне како причина за можно пролонгирање на изборниот термин, што партиските лидери го договорија за 12 април следната година. Проценките на Заев се дека Шпанија ќе стигне во текот на декември да го ратификува протоколот за …

Прво зачленување во НАТО, па распуштање на парламентот Read More »

Законот за јазици чека (предизборна) пресуда и од Уставен суд


Договорен по последните парламентарни изборите во 2016 година, Законот за употреба на јазиците повторно крева прашина и во владејачката коалиција и во политичко-правните кругови во земјава пред новите предвремени парламентарни избори, во април следната година. На почетокот на следниот месец, според најави од Уставниот суд, Законот кој беше дел од преткоалицискиот договор меѓу СДСМ и …

Законот за јазици чека (предизборна) пресуда и од Уставен суд Read More »