Трамп на твитер: „Ви благодарам господине претседател“


Вашингтон – Американскиот претседател Доналд Трамп денеска на твитер објави благодарница до самиот себе, наведувајќи дека целиот свет им завидува на САД и на приказната за успехот на Волстрит. „На нашата држава ѝ завидува целиот свет. Ви благодарам господине претседател“, твитна Трамп. Со таа порака тој објави и твит од официјалниот налог на Белата куќа …

Трамп на твитер: „Ви благодарам господине претседател“ Read More »

„Мој ДДВ“ засега користат 65 илјади граѓани


За поврат на ДДВ до денеска се пријавиле 65.000 граѓани, а наредната недела се очекува оваа бројка да достигне и до 100.000  кои ќе ја користат апликацијата, објави денеска од Штип премиерот Зоран Заев. Тој очекува деновиве апликацијата да почнат ја користат и оние граѓани кои имаат мобилни телефони Ајфон. Граѓаните досега имаат прокнижено сметки …

„Мој ДДВ“ засега користат 65 илјади граѓани Read More »

Средба на Ѓорчев со Бетел и Дол: ЕУ да ја продолжи политиката на отворени врати


Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Влатко Ѓорчев оствари средби со премиерот на Луксембург Ксавиер Бетел и претседателот на ЕПП Жозеф Дол, соопштија од опозициската партија. Ѓорчев изрази благодарност до премиерот Бетел затоа што е пријател и поддржувач на Македонија. Премиерот Бетел се осврна на својот политички ангажнан во младинските организации и контактите со либералните сестрински партии во …

Средба на Ѓорчев со Бетел и Дол: ЕУ да ја продолжи политиката на отворени врати Read More »

ЕПП и Социјалистите и демократите ги задржаа позициите во Европскиот парламент


Европските народни партии (ЕПП) и Социјалистите и демократите  (СД) си поделија девет од 12 потпретседателски места на Европскиот парламент. Новата група создадена од партијата на Емануел Макрон и либералите Ренова им помогна да ја задржат оваа биполираност, која беше осудена од Зелените, јави дописникот на МИА од Стразбур. Коалициските договори меѓу политичките сили неизбежно доведуваат до компромиси. Но, изминатата …

ЕПП и Социјалистите и демократите ги задржаа позициите во Европскиот парламент Read More »

Заев ќе ги слуша снимките, па ќе реши дали да го разреши Рашковски


Дали секретарот на Владата, Драги Рашковски ќе понесе одговорност и ќе треба да поднесе оставка, премиерот Зоран Заев ќе одлучи откако ќе ги слушне снимките и ќе ги разгледа документите по втората објавена „бомба“ за случајот со „М-НАВ“. -Јас таму видов дека се спомнуваат некои записници, што само по себе потврдува што е суштината на …

Заев ќе ги слуша снимките, па ќе реши дали да го разреши Рашковски Read More »

Реакација на Охрид СОС: Одлуката во Баку не е стручна, туку политичка


Здружението Охрид СОС реагира на  вчерашната одлука во однос на Охридскиот регион на 43. седница на Комитетот за светско наследство при УНЕСКО, кој заседаваше во Баку, Азербејџан. Соопштението на Охрид СОС ви го пренесуваме во целост: „Македонската влада во Баку ја жртвува можноста за меѓународна помош за спас на Охридскиот УНЕСКО регион.  Македонската влада на …

Реакација на Охрид СОС: Одлуката во Баку не е стручна, туку политичка Read More »

Озборувањата не се докази


ФРОСИНА ФАКОВА-СЕРАФИНОВИЌ Специјалното јавно обвинителство успеа да го донесе во судница бизнисменот Орце Камчев. Но само како сведок за случајот „Тортура“ во кој им се суди на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков и на припадниците на единицата „Алфа“ за нечовечкото апсење на поранешниот министер Љубе Бошкоски, а не за финансискиот криминал што СЈО тврди …

Озборувањата не се докази Read More »

Дураки го замени Лика


Премиерот Зоран Заев повторно има пет заменици. Уште на првата владина седница по реконструкцијата, старо-новиот министер Садула Дураки, кој направи трансфер од животна средина во новиот ресор за политички систем, е именуван за вицепремиер, покрај Радмила Шекеринска, Оливер Спасовски, Кочо Анѓушев и Бујар Османи. Дураки, всушност, доаѓа на местото на Хазби Лика, кој минатата седмица …

Дураки го замени Лика Read More »

И Македонија и Албанија ќе бидат одговорни за Охрид


УНЕСКО даде уште една шанса Охридскиот Регион да не се најде на листата на загрозени светски наследства. Одлуката беше донесена на вчерашната седница на УНЕСКО во Баку, Азербејџан. Земјите членки на Комитетот имаа различни гледишта за предлогот дали Охридскиот Регион треба да биде на листата на загрозени или не, но на крајот се сложија да …

И Македонија и Албанија ќе бидат одговорни за Охрид Read More »

Мијалков за новинарката е „телефонистот“, за Камчев е „пријателот“


Поранешните блиски пријатели, бизнисменот Орце Камчев и поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, се соочија во судница: Камчев како сведок на Специјалното јавно обвинителство, а Мијалков како обвинет во случајот „Тортура“ за нечовечкото апсење на поранешниот министер Љубе Бошкоски. Сепак, нивните погледи во судница не се сретнаа ниту еднаш, а Камчев пред судиите и обвинителите …

Мијалков за новинарката е „телефонистот“, за Камчев е „пријателот“ Read More »

Борисов го пофали Пендаровски за ставот за Гоце Делчев


Премиерите на Северна Македонија и на Бугарија Зоран Заев и Бојко Борисов, сепак, остварија топла средба во рамки на самитот за Западен Балкан во Познањ (Полска), и покрај заладената комуникација во последните неколку седмици околу заедничкото чествување на Гоце Делчев. Заев, како што пренесуваат медиумите, на шега му дофрлил на бугарскиот колега дека, и покрај …

Борисов го пофали Пендаровски за ставот за Гоце Делчев Read More »

Сабит Кранли на чело на Комисијата за помилување кај Пендаровски


Поранешниот судија во Врховниот суд Сабит Кранли ќе претседава со новата комисија за помилување во кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. Во претседателската резиденција вчера се одржа конститутивната седница на Комисијата за помилувања, во која, покрај Кранли,  како членови влегуваат државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, државниот правобранител Фехми Стафа и  претседателот на Адвокатската комора Љубомир Михајловски. Во …

Сабит Кранли на чело на Комисијата за помилување кај Пендаровски Read More »

Златко Ориѓански ќе биде директор на македонскиот КИЦ во Тирана


Музичарот Златко Ориѓански ќе биде првиот директор на новиот Културно-информативен центар на Северна Македонија во Тирана, Албанија. Овој предлог е усвоен на вчерашната владина седница. „Предлогот доаѓа по потпишаната Спогодба помеѓу Владата на Република Северна Македонија и Советот на министри на Република Албанија за основање Културно-информативен центар на Република Северна Македонија во Тирана и Културно-информативен …

Златко Ориѓански ќе биде директор на македонскиот КИЦ во Тирана Read More »

Жерновски за „Независен“: Охридскиот регион останува под закрилата на УНЕСКО


Охридскиот регион и понатаму е дел од листата на заштитено светско природно и културно наследство, одлучи УНЕСКО на денешната седница во рамките на 43. сесија што се одржува во Баку, Азербејџан. УНЕСКО постави услов до 1 февруари 2020 година, Македонија да ги спроведе препораките на Комитетот за зачувување на заштитениот регион. На истата седница земјите-членки …

Жерновски за „Независен“: Охридскиот регион останува под закрилата на УНЕСКО Read More »

Јункер разочаран од начинот на избор на Урсула Вон дер Лајен


„Процесот не беше сосема транспарентен“ е коментарот што досегашниот прв човек на Европската комисија Жан Клод Јункер го даде за начинот на кој лидерите на Европската унија ја именуваа неговата наследничка на функцијата Урсула Вон дер Лајен. Претседателот на Европската комисија во заминување упати остри критики за именувањето на неговата наследничка на високата функција, германската …

Јункер разочаран од начинот на избор на Урсула Вон дер Лајен Read More »

Две лице нападнале и ограбиле турски државјанин на бензинска на автопатот Табановце -Куманово


Две лица нападнале и ограбиле турски државјанин, вчера на бензинска станица на  автопатот Табановце -Куманово, соопшти денеска СВР Куманово. Разбојништвото во кумановската полиција го пријавил 22 годишниот турски државјанин М.Ш.К, синоќа во 20 часот. – Две непознати лица, вчера во 17:00 часот, на автопатот Табановце -Куманово во близина на бензинската станица физички го нападнале и му одзеле …

Две лице нападнале и ограбиле турски државјанин на бензинска на автопатот Табановце -Куманово Read More »

Кој ли го следи Мицкоски?


Иако нема информации дека против опозицискиот лидер Христијан Мицкоски во моментов се води каква било кривична постапка, во која било фаза, тој јавно соопшти дека стравува од апсење кое, како што оценува, би било политички мотивирано. Во интервју на Алфа, говорејќи за последната полициска акција во која беа уапсени и неколку вмровски функционери, меѓу кои …

Кој ли го следи Мицкоски? Read More »

Падна обвинението на СЈО: На Латас ќе му ги платиме и трошоците


Новинарот Драган Павловиќ-Латас излезе насмеан од Кривичниот суд откако судечкиот совет го ослободи за обвинението на Специјалното јавно обвинителство за нелегална градба на викендички во скопското село Зелениково. Додека судот ја изрекуваше пресудата новинарот беше воздржан, но неговиот брат Срѓан не можеше да ја сокрие радоста, додека третиот брат не дојде во суд. Со пресудата …

Падна обвинението на СЈО: На Латас ќе му ги платиме и трошоците Read More »

Садула Дураки назначен за вицепремиер


Садула Дураки од ДУИ, кој пред една недела со реконструкцијата беше поставен на чело на новото Министерство за  политички систем и односи меѓу заедниците, ќе биде и заменик претседател на Владата на Северна Република Македонија. Одлуката за неговата вицепремиерска функција е донесена на денешната владина седница и ја соопшти прес-службата на Владата. 

МЕПСО апелира земјоделците да не поминуваат со комбајните под проводниците


Земјоделците во екот на сезоната за наводнување да не поставуваат системи за наводнување во далекуводните траси зашто водата е проводник на електрична енергија и контактот со проводните јажиња го зголемува ризикот од струен удар, соопшти МЕПСО. Во штипскиот и овчеполскиот регион во тек е жетвата на јачменот. МЕПСО секоја година на стартот на жетвените активности …

МЕПСО апелира земјоделците да не поминуваат со комбајните под проводниците Read More »