МЕПСО апелира земјоделците да не поминуваат со комбајните под проводниците


Фото: Б. Грданоски

Земјоделците во екот на сезоната за наводнување да не поставуваат системи за наводнување во далекуводните траси зашто водата е проводник на електрична енергија и контактот со проводните јажиња го зголемува ризикот од струен удар, соопшти МЕПСО.

Во штипскиот и овчеполскиот регион во тек е жетвата на јачменот. МЕПСО секоја година на стартот на жетвените активности ги предупредува земјоделците да не поминуваат со комбајните под проводниците т.е. јажињата на далекуводите и да ги избегнуваат далекуводните траси зашто со тоа се изложуваат на ризик и ги загрозуваат сопствените животи, како и животите на лицата кои се наоѓаат во нивната околина.