Садула Дураки назначен за вицепремиер


Садула Дураки од ДУИ, кој пред една недела со реконструкцијата беше поставен на чело на новото Министерство за  политички систем и односи меѓу заедниците, ќе биде и заменик претседател на Владата на Северна Република Македонија.

Одлуката за неговата вицепремиерска функција е донесена на денешната владина седница и ја соопшти прес-службата на Владата.