Дваесет работници повредени во сообраќајката кај велешко Мамтучево


  Се судрија камион и автобус кој превезувал работници. Сообраќајна несреќа се случила попладнево на патот Велес – Штип кај селото Мамутчево. Несреќата се случила попладнево во 13.40 часот кога се судриле автобус кој превезувал работници од Велес за Штип и камион. Според првичните инфромации има повредени, но нема тешко повредени или жртви. Патот е …

Дваесет работници повредени во сообраќајката кај велешко Мамтучево Read More »

Ќе се саботира и НАТО за да се амнестира старата врхушка


Илија Димовски, како претседател на Комисијата за избори и именувања во парламентот, треба да закаже седница за селектирање на кандидатите што се јавија на конкурсот за избор на членови на ДИК. Неговата партија – ВМРО-ДПМНЕ, пак, треба да избере двајца од кандидатите (а меѓу пријавените 41 има и нејзини членови) и да му ги предложи …

Ќе се саботира и НАТО за да се амнестира старата врхушка Read More »

Тендерот за реагенси голем товар за власта


Следната недела по евалуацијата ќе се знае дали ќе биде поништен 36-милионскиот тендер за набавка на реагенси. Јавноста беше преплавена од реакции откако се дозна дека меѓународната компанија „Абот“ конкурирала со подизведувач, фирмата „АХР ЛАБ ДООЕЛ“ формирана пред четири месеци. Министерот за здравство, Венко Филипче, вчера уверуваше дека Министерството уште не склучило договор и дека …

Тендерот за реагенси голем товар за власта Read More »

Карпош ќе гради адреналински парк со зиплајн


Општина Карпош ќе гради адреналински парк покрај кејот на Вардар во Карпош 4. Вештачката карпа за качување и скејт-паркот ќе бидат надополнети со зиплајн и неколку игралишта во песок, дел за деца и многу зеленило. Адреналинскиот парк, најавуваат општинарите, треба да започне да се гради во ноември, на потегот од вештачката карпа до бунарите на …

Карпош ќе гради адреналински парк со зиплајн Read More »

Лидерите на втора пауза, нема детали за разговорите


По пет часа разговори лидерите на четирите најголеми политички партии во Клубот на пратениците заминаа на втора пауза. Ниту еден од учесниците во разговорите официјално не соопштува дали има напредок и за што конкретно станало збор. На лидерскта средба присуствуваа премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, Али Ахмети од ДУИ, Христијан Мицкоски од ВМРО-ДПМНЕ …

Лидерите на втора пауза, нема детали за разговорите Read More »

Намалени патните трошоци на пратениците на 20 проценти


Пратениците ќе добиваат понизок износ на патни трошоци, со измените на Законот за пратеници, што денеска беа изгласани во Собранието со 76 гласа „за“ и еден „воздржан“. Со законските измени наместо досега утврдените до 30 проценти по изминат километар од продажната цена на еден литар гориво за возилото кое се користи, пратениците ќе добиваат надомест …

Намалени патните трошоци на пратениците на 20 проценти Read More »

Турските политичари ја поздравија одлуката на Озил да се повлече од репрезентацијата


Министрите во турската Влада ја поздравија одлуката на германскиот фудбалер Месут Озил да го напушти германскиот национален тим, пренесуваат локалните медиуми. Одлуката Озил ја објави на социјалните мрежи, обвинувајќи официјални лица и медиуми за расизам, откако претходно покрена бура реакции во јавноста со неговите фотографии со турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган, снимени во Лондон. – …

Турските политичари ја поздравија одлуката на Озил да се повлече од репрезентацијата Read More »

Македонија очекува повлекување на косовската мерка


Македонската Влада прави се за да не воведе контра – мерки за Косово, но ќе го заштити домашното производство доколку и по закажаните министерски состаноци на регионално и билатерално ниво, одлуката за зголемени царини не биде повлечена, соопшти денеска Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ). – Очекуваме Владата на Косово да ја повлече донесената …

Македонија очекува повлекување на косовската мерка Read More »

Изгаснат пожарот во битолската депонија „Мегленци“


Екипи на ЈП „Комуналец“-Битола со поддршка на механизација од РЕК Битола го изгаснаа пожарот што избувна во комуналната депонија „Мегленци“, лоцирана во непосредна близина на рударско-енергетскиот комбинат. Од ЈП „Комуналец“-Битола информираат дека реагирале веднаш за да не се случи ширење на пожарот и да не се пренесе надвор од територијата на комуналната депонија. – Ангажиравме …

Изгаснат пожарот во битолската депонија „Мегленци“ Read More »

Голем пожар во близина на Атина, граѓани ги напуштаат домовите


Голем пожар беснее во западниот дел на областа Атика во поширокиот регион на Атина. Огнената стихија се уште не е ставена под контрола, а граѓани од околината, превентивно, ги напуштаат нивните домови. Чадот ја покри речиси целата грчка престолнина, јави дописничката на МИА од Атина. Станува збор за шумски пожар кој се проширил кон населеното …

Голем пожар во близина на Атина, граѓани ги напуштаат домовите Read More »

Илегалната моќ на политичките лидери


Ило Трајковски Еден од најчесто слушаните зборови деновиве е изразот „лидерска средба“. Медиумите повторно го насочуваат вниманието на јавноста кон нашите лидери. Мојот поглед кон нив е воден од прашањето за изворите на нивната моќ. Од каде извира моќта на македонските политички елити – водства, лидери и лидерства? Фотографиите од последните, но и од претходните …

Илегалната моќ на политичките лидери Read More »

Бензините поевтинуваат за денар, дизелот за денар и половина


Бензините и екстра лесното масло за домаќинство од ноќеска на полноќ поевтинуваат за еден денар, а дизелот за денар и половина, одлучи на денешната седница Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Новата цена на Еуросупер БС 95 изнесува 71 денар за литар, а Еуросупер БС 98 ќе се продава за 73 денари за литар. Екстралесното масло …

Бензините поевтинуваат за денар, дизелот за денар и половина Read More »

Собранието ја усвои завршната сметка за Буџетот 2017


Собранието ја усвои завршната сметка за Буџетот за 2017 година во рамки на денешното продолжение на 53. седница. – Изминатата година успешно се управувало со јавниот долг и како резултат на тоа во 2017 година, првпат после 9 години јавниот долг како процент од БДП е намален, рече министерот за финансии Драган Тевдовски во минатонеденото …

Собранието ја усвои завршната сметка за Буџетот 2017 Read More »

Собранието ќе ги разгледува измените на Изборниот законик по лидерската средба


Собранието на Република Македонија во рамки на денешното продолжение на 53-тата седница едногласно со 78 гласа „за“ одлучи Предлог законот за изменување на Изборниот законик, по скратена постапка, да се разгледува по завршување на лидерската средба која е во тек во Клубот на пратенците. Претходно едногласно, со 61 глас „за“ и без присуство на опозицијата …

Собранието ќе ги разгледува измените на Изборниот законик по лидерската средба Read More »

Тони Блер за советување добива 12 милиони долари


Поранешниот британски премиер Тони Блер ја советува владата на Саудиска Арабија за договор вреден 11,8 милиони долари, објави „Сандеј телеграф“. Претходно оваа година беше постигнат договор меѓу Саудиска Арабија и неговиот „Институт за глобални промени”, со цел поддршка на програмата за модернизација, предложена од принцот Мохамед бин Салман. Тоа е прв голем договор на Институтот …

Тони Блер за советување добива 12 милиони долари Read More »

Момчињата спасени од пештера во Тајланд се повлекуваат во будистички храм


Повеќето момчиња, спасени од пештера во Тајланд, заминуваат на неколкудневно повлекување во будистички храм пред да се вратат на секојдневниот живот, соопштија денеска тајландските власти. – Ќе заминат на деветодневно повлекување, соопштија локалните власти и дополнија дека за момчињата тоа ќе биде прво будистичко повлекување. Праксата со заминување во будистички храмови е вообичаена во земјите …

Момчињата спасени од пештера во Тајланд се повлекуваат во будистички храм Read More »

Руските дипломати протерани од Грција се обиделе да се инфилтрираат во разузнавањето


Додека грчката Влада очекува реакција на Москва по протерувањето на двајца руски дипломати и забраната за влез во земјата на други двајца поради мешање во внатрешните работи, се појавија нови детали околу обидите на руски дипломати да го наметнат влијанието на Москва во северна Грција, објави весникот „Катимерини“. Во написот се наведува дека тие руски …

Руските дипломати протерани од Грција се обиделе да се инфилтрираат во разузнавањето Read More »

Над 20 работни групи го закрепнуваат Министерството за култура


Од почетокот на годинава, Министерството за култура согласно со Националната стратегија за развој на културата за периодот 2018 – 2022 и Акцискиот план за нејзино спроведување формираше над 20 работни групи кои работат во различни области. Основната мисија на Националната стратегија е да го поттикне и да го координира развојот на ефикасни културни политики за …

Над 20 работни групи го закрепнуваат Министерството за култура Read More »

Филипче го поништи тендерот за набавка на реагенси


Поради пoстоење одредени неправилности во документацијата на што укажа првичната евалуација, одлучивме тендерската постапка за набавка на тестови и реагенси за биохемиски, имунолошки, хематолошки и гасни анализи да ја прекинеме. Ова денеска на прес-конференција го истакна министерот за здравство Венко Филипче кој рече дека на тендерот се јавила само една фирма и дека во овој …

Филипче го поништи тендерот за набавка на реагенси Read More »

Одлучувачки понеделник: Лидерска средба за расонување


Понеделнички набиената политичка агенда навестува одредена разврска во текот на оваа седмица во преговорите меѓу партиите за деблокада на процесите за одржување на референдумот за името. Само прашањето е дали таа разврска ќе значи постигнување договор или, пак, прекин на преговорите и донесување на измените во Изборниот законик за намалување на мнозинството за избор на …

Одлучувачки понеделник: Лидерска средба за расонување Read More »