Италијанскиот Парламент гласа за доверба на новата влада


Италијанскиот премиер Џузепе Конте денеска ќе ги претстави приоритетите на новата влада, по што парламентот ќе гласа за доверба на коалициската влада, составена од Движењето Пет Ѕвезди и Демократската партија. Тој ќе се обрати пред долниот дом на парламентот во 11 часот, а гласањето доверба на владата се очекува да биде неколку часа по парламентарната …

Италијанскиот Парламент гласа за доверба на новата влада Read More »

Во продажба влезниците за новата концертна сезона на Филхармонијата


Филхармонијата денеска ќе ги пушти во продажба влезниците за свеченото отворање на концертната сезона 2019/2020, која годинава има слоган „Моја бесмртна љубов“ и е во знакот на светското одбележување 250 години од раѓањето на Лудвиг ван Бетовен. Концертот за отворање на сезоната е на 26 септември во 20 часот, кога на сцената на Филхармонијата ќе …

Во продажба влезниците за новата концертна сезона на Филхармонијата Read More »

Бритиш ервејз поради штрајк ги откажа речиси сите свои летови во Велика Британија


„Бритиш ервејз“ објави денеска дека ги откажала речиси сите свои летови во Велика Британија на првиот ден од штрајкот на пилотите. – Немаме друг избор освен да откажеме скоро 100 проценти од летовите, соопштија од администрацијата на британската авиокомпанија. Штрајкот може да погоди десетици илјади патници бидејќи компанијата обезбедува околу 850 летови дневно во Велика …

Бритиш ервејз поради штрајк ги откажа речиси сите свои летови во Велика Британија Read More »

Стампедо на фестивал во Њу Орлеанс


Неколку лица се повредени во големата турканица на фестивалот „Лил ВизиАна фест“ (Lil WeezyAna Fest) во Њу Орлеанс, во организација на раперот Лил Вејн. Настанот се случи во саботата навечер, а толпа од околу 15 000 луѓе двапати се туркала и почна да бега за време на настапот на Микс Мил. Полицијата сè уште не …

Стампедо на фестивал во Њу Орлеанс Read More »

Вандализам со патни знаци – човечкиот живот превисока цена


На патиштата низ државава патниците „ги пречекуваат“ глетки со уништени знаци или само столбови на кои биле поставени пред да бидат откорнати патокази, наопаку свртени табли или, пак, покриена содржина со боја на важните известувања за возачите за брзината на движење, правецот за свртување… Надлежните институции велат дека редовно прават контроли и ги „поправаат“ последиците …

Вандализам со патни знаци – човечкиот живот превисока цена Read More »

Сончево со умерена облачност, попладне дожд со ретки грмежи


Времето денеска ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен јужен ветер. Во попладневните часови ќе има изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи. Утринската температура ќе се движи од 10 до 18 степени, а дневната од 22 до 31 степен. Во Скопје и околината утринската температура ќе достигне до 16 …

Сончево со умерена облачност, попладне дожд со ретки грмежи Read More »

Средба Заев – Мицкоски на неутрална територија


Лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и на СДСМ – опозиционерот Христијан Мицкоски и премиерот Зоран Заев, сепак, ќе седнат на заедничка маса следната недела, во обид да постигнат финален договор за новиот закон за јавно обвинителство, во кој најжешка точка е судбината на СЈО. Иако Мицкоски претходно ги избегнуваше поканите за средба со Заев, условувајќи го своето …

Средба Заев – Мицкоски на неутрална територија Read More »

Биљали, Узунов, Спасов… веќе не се советници на премиерот  


Меѓународниот институт за блискоисточни и балкански студии (ИФИМЕС) од Љубљана е единственото ново „име“ во последниот список на надворешни соработници во кабинетот на претседателот на Владата, Зоран Заев. Во овој список, што на барање на „Независен весник“ ни го достави прес-центарот на владата, недостигат неколку  познати имиња што беа ангажирани до неодамна како советници во …

Биљали, Узунов, Спасов… веќе не се советници на премиерот   Read More »

Заев и Мицкоски на средба во Собрание во вторник


Планирана е средба меѓу премиерот Зоран Заев и опозицискиот лидер Христијан Мицкоски во почетокот на следната седмица, пред истекот на рокот во кој треба да стапи на сила новиот закон за јавно обвинителство. Извори од опозицискиот табор велат дека средбата би се реализирала во вторник, веднаш по Денот на независноста. Со оглед на тоа што …

Заев и Мицкоски на средба во Собрание во вторник Read More »

Мицкоски пак го избегна Пендаровски, ама и Заев


Иако поминаа четири месеци од смената на кормилото на државата и завршувањето на ерата на кохабитација, опозицискиот лидер Христијан Мицкоски избегнува да „кохабитира“ со новиот претседател Стево Пендаровски. Откако не се одѕва на неколку покани за средба во резиденцијата на Водно, Мицкоски реши да ја игнорира и конститутивната седница на Советот за безбедност под претседателство …

Мицкоски пак го избегна Пендаровски, ама и Заев Read More »

Фон дер Лајен вo вторник ќе го претстави новиот состав на Еврокомисијата


Новоименуваната претседателка на Европската комисија Урсула фон дер Лајен на 10 септември ќе го претстави новиот состав на Европската комисија. Откако новата италијанска Влада денеска официјално го номинираше Паоло Џентилони за иден еврокомесар, Фон дер Лајен го комплетираше списокот од 27 комесари, кои во следните пет години ќе бидат дел од нејзиниот тим. Новата шефица …

Фон дер Лајен вo вторник ќе го претстави новиот состав на Еврокомисијата Read More »

Филмот „Болка и слава“ на Педро Алмодовар го отвора јубилејниот ИФФК „Браќа Манаки“


Шпанскиот филм „Болка и слава“ на Педро Алмодовар ќе го отвори 40. јубилејно издание на Интернационалниот фестивал на филмската камера „Браќа Манаки“, а на свеченото затворање и во чест на наградените, во Битола ќе биде емитуван филмот „Манаки-приказна во слики“ на Роберт Јанкулоски. Успехот на Педро Алмодовар ќе биде споделен со битолчани, со македонската публика, …

Филмот „Болка и слава“ на Педро Алмодовар го отвора јубилејниот ИФФК „Браќа Манаки“ Read More »

Кирацовски: Не се препознавам во Кики и Фрики, Геровски направи грешка


Пратеникот на СДСМ и поранешен генерален секретар на владејачката партија, Александар Кирацовски, по исказот во обвинителството за истрагата за предметот „Рекет“, рече дека бил повикан како сведок. – Денес ја извршив својата граѓанска должност и бев во Обвинителство за организиран криминал. Се надевам дека од денес ќе преовладуваат само факти и аргументи. Вистината не се …

Кирацовски: Не се препознавам во Кики и Фрики, Геровски направи грешка Read More »

„Специјалните“ ќе гонат од „обичното“ обвинителство?


Лага и класична манипулација со јавноста се тврдењата дека ако се префрлат предметите на СЈО во Јавното обвинителство тоа ќе значи други обвинители да работат по нив, со повторно собирање докази и искази на сведоци што, пак, може да доведе до застарување на дел од нив, вели во изјава за „Независен весник“ поранешниот претседател на …

„Специјалните“ ќе гонат од „обичното“ обвинителство? Read More »

Розин Марфи – пејачката од „Молоко“ доаѓа во Скопје


Ирската пејачка, текстописец и продуцент Розин Марфи на 14 септември ќе настапи во Скопје. Концертот ќе се одржи пред платото на спортскиот центар „Борис Трајковски“ (А1 Арена). Розин Марфи на светската музичка сцена е активна од 1994 година, па се до денеска. Љубителите на трип-хопт музиката и нежните вокали најмногу ја паметат по музичкиот состав …

Розин Марфи – пејачката од „Молоко“ доаѓа во Скопје Read More »

Моторџија удрил четири жени на пешачки на „Илинденска“


Моторџија вчеравечер удрил во четири пешаци на улицата „Илинденска“ во Скопје. Како што информира полицијата во 20.10 часот на булевар „Илинден“ во Скопје, мотоцикл „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.П.(38) од Скопје, удрил во пешаците К.Д.(76), В.Д.К.(46), С.Т.(45) и Л.К.(50), сите од Скопје. „Во незгодата пешаците се здобиле со тешки телесни повреди, додека …

Моторџија удрил четири жени на пешачки на „Илинденска“ Read More »

„Оваа зграда (на)вистина зборува“ го отвора годинешниот МОТ


Од 13 до 21 септември годинава ќе се одржува 44. Млад отворен театар 2019 – МОТ. Во девет вечери ќе гостуваат петнаесет врвни театарски продукции, на шест сцени во Скопје и една во Велес. Отворањето е со проектот „Оваа зграда зборува (на)вистина“ на авторот Филип Јовановски и кураторот Ивана Васева. „Оваа зграда зборува (на)вистина“ е …

„Оваа зграда (на)вистина зборува“ го отвора годинешниот МОТ Read More »

Фетаи: Важно е предметите да продолжат, без разлика кој ќе ги застапува


Не е битно дали ќе гони Фатиме, Вилма или некоја трета Костадинка, но е битно тој што се огрешил пред законот да се соочи со последиците од дејствијата коишто ги има преземено, изјави денеска пред Кривичниот суд обвинителката од СЈО Фатиме Фетаи. – Мислам дека во моментов не треба да не интересираат ситници и моментни …

Фетаи: Важно е предметите да продолжат, без разлика кој ќе ги застапува Read More »

Промоција на поетската книга „Крстна коска“ од Наташа Сарџоска


Во фоајето на кино „Фросина“ вечер од 20 часот ќе биде промовирана поетската книга „Крстна коска“ од Наташа Сарџоска во издание на „ПНВ Публикации“. Книгата ќе ја претставИ проф. Димитар Пандев, а стихови ќе чита авторката во придружба на Ема Величковска, балерина и современа танчарка. Наташа Сарџоска има објавено голем број есеи, книжевни преводи, раскази …

Промоција на поетската книга „Крстна коска“ од Наташа Сарџоска Read More »

Истрагата за „Рекет“ не ја одмина „Бихаќска“


Фросина Ременски, потпретседателка на Собранието, а до скоро и потпретседателка на СДСМ, е меѓу првите претставници на политичкиот врв во земјава што се повикани досега да дадат исказ во врска со „Рекет“ – случајот кој речиси два месеци ја тресе политичката сцена во земјава и го наруши кредибилитетот на Специјалното јавно обвинителство, чиј опстанок и …

Истрагата за „Рекет“ не ја одмина „Бихаќска“ Read More »