Промоција на поетската книга „Крстна коска“ од Наташа Сарџоска


Во фоајето на кино „Фросина“ вечер од 20 часот ќе биде промовирана поетската книга „Крстна коска“ од Наташа Сарџоска во издание на „ПНВ Публикации“.

Книгата ќе ја претставИ проф. Димитар Пандев, а стихови ќе чита авторката во придружба на Ема Величковска, балерина и современа танчарка.

Наташа Сарџоска има објавено голем број есеи, книжевни преводи, раскази и неколку стихозбирки. Преведена е на повеќе јазици и објавена во САД, Италија, Аргентина, Србија, Колумбијa.