Розин Марфи – пејачката од „Молоко“ доаѓа во Скопје


Ирската пејачка, текстописец и продуцент Розин Марфи на 14 септември ќе настапи во Скопје. Концертот ќе се одржи пред платото на спортскиот центар „Борис Трајковски“ (А1 Арена).
Розин Марфи на светската музичка сцена е активна од 1994 година, па се до денеска. Љубителите на трип-хопт музиката и нежните вокали најмногу ја паметат по музичкиот состав „Молоко“. Песните како „Sing it back“ и „The Time is now“ кои Марфи ги отпеа во овој состав станаа хитови на неколку генерации.
Концертот е по повод ребрендирањето на мобилниот оператор „ВИП“ во „А1 Македонија“, а влезот ќе биде бесплатен.
Освен Розин Марфи во рамките намузичката програма концерти ќе имаат и Каролина Гочева со Македонска филхармонија, Влатко Лозаноски, „Фанк шуи“ и диџеј Але Фарбен.