Моторџија удрил четири жени на пешачки на „Илинденска“


Моторџија вчеравечер удрил во четири пешаци на улицата „Илинденска“ во Скопје. Како што информира полицијата во 20.10 часот на булевар „Илинден“ во Скопје, мотоцикл „БМВ“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Д.П.(38) од Скопје, удрил во пешаците К.Д.(76), В.Д.К.(46), С.Т.(45) и Л.К.(50), сите од Скопје.

„Во незгодата пешаците се здобиле со тешки телесни повреди, додека мотоциклистот се здобил со телесни повреди. К.Д била пренесена вокомплексот клиники „Мајка Тереза“, В.Д.К. и С.Т. биле пренесени во градската општа болница „Св. Наум Охридски“, Л.К. била пренесена во градската општа болница „8-ми Септември“, а мотоциклистот бил пренесен во комплексот клинки „Мајка Тереза““, стои во соопштението.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.