НАТО се сомнева дека ВМРО-ДПМНЕ сака членство


НАТО почнува да се сомнева дека опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ навистина сака членство на Македонија во НАТО и Европската унија. „Она што сите треба да го прашате ВМРО-ДПМНЕ е дали се се уште за членство во ЕУ и НАТО. Од наша перспектива имплементацијата на Преспанскиот договор е единствен начин да се оди напред. Добро, нека велат …

НАТО се сомнева дека ВМРО-ДПМНЕ сака членство Read More »

Заев: Барањата на ВМРО-ДПМНЕ се апсолутно неприфатливи


Барањето на ВМРО-ДПМНЕ за техничка влада со мандат од 100 дена според Пржинскиот модел, за нов јавен обвинител и анкетна собраниска комисија за референдумот се апсолутно неприфатливи, изјави денеска во Охрид премиерот Зоран Заев. – Ниту има причина, ниту има потреба да се дискутира за вакви работи. Самите институции дадоа свои коментари. Да се бара …

Заев: Барањата на ВМРО-ДПМНЕ се апсолутно неприфатливи Read More »

Светски ден на животните – секој ден исчезнуваат по 100 видови


На Светскиот ден на животните, здруженијата што се грижат за нивниот опстанок предупредуваат за загрозеност на голем број животински видови и нивната лоша состојба во различни делови на светот. Светскиот ден на животните беше прогласен во 1931 година на конвенција на екологистите во Фиренца, со цел да се потенцира неповолната положба на загрозените видови. Беше …

Светски ден на животните – секој ден исчезнуваат по 100 видови Read More »

Пожар во фабрика за бои во Истанбул


Голем пожар избувна денеска во четирикатна фабрика за бои во Истанбул, објавија турските медиуми. Густ црн дим се издига над објектот во квартот Ќучукчекмеџе. На местото на инцидентот пристигнуваат многу пожарникарски возила и итна медицинска помош. Пожарникарите се обидуваат да го изгаснат огнот, а засега нема информации за настрадани луѓе.

За мамографија или за ехо се чека со месеци


Малигно заболените треба да имаат предност за преглед и лекување. Жени што биле оперирани од канцер на дојка забележуваат дека за термин за мамографија чекаат по три или четири месеци, а има и случаи кои дури една година чекале за ехо. Од Здружението „Борка – за секој нов ден“ бараат од институциите нови иновативни лекови …

За мамографија или за ехо се чека со месеци Read More »

Владата на Србија не одговорила на ниту едно од 236 пратенички прашања


Српската Влада од ноември 2017 до август 2018 година на седници на Парламентот добила 236 прашања од пратеници, но извршната власт не одговорила на ниту едно. Тоа се наведува во извештај на Отворен парламент „Состојба со демократијата во Србија“, јавуваат белградски медиуми. Само двапати во март и април 2018 година претставници на Владата на Србија …

Владата на Србија не одговорила на ниту едно од 236 пратенички прашања Read More »

„Разговори во четири очи“ на МНТ гостува на фестивалот „Московски ноќи“


Македонскиот народен театар со претставата „Разговори во четири очи“ ќе гостува на 6. Интернационален театарски фестивал „Московски ноќи“, кој од 5 до 9 октомври ќе се одржува во Митишчанскиот театар за драма и комедија „Фест“ во Русија. Претставата е по текст на Ингмар Бергман, адаптацијата е на Тамара Барачков, а режисер на претставата е Нина …

„Разговори во четири очи“ на МНТ гостува на фестивалот „Московски ноќи“ Read More »

Екс-министерката меѓу грижата за бебето и заканата за затвор


Поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска деновиве е соочена со обврските и одговорноста кон својот неколкумесечен син и заканата да биде осудена на затворска казна за набавката на луксузниот „мерцедес“ за поранешниот премиер Никола Груевски. Во понеделник напладне таа ќе ја слушне пресудата на судечкиот совет на чело со судијката Добрила Кацарска за злоупотреба …

Екс-министерката меѓу грижата за бебето и заканата за затвор Read More »

Градоначалникот шверцер бил осуден и за друго дело


Градоначалникот на Ново Село, Боро Стојчев, кога беше фатен со камион преполн со цигари бил на условна казна, осуден претходно за друго кривично дело. Откако Апелацискиот суд во Штип му ја намали висината на затворската казна од 18 на шест месеци затвор, од судот во Струмица објаснуваат дека нивните колеги од повисокиот суд како олеснителна …

Градоначалникот шверцер бил осуден и за друго дело Read More »

Вмровските пратеници – и на цена и под закани


Меѓу 48 члена на пратеничката група на коалицијата „За подобра Македонија“, според собраниски извори, има барем десетина – и од ВМРО-ДПМНЕ и од помалите партии – кои се расположени да гласаат за уставните измени што треба да следат по референдумот. Но во деновите пред и по референдумот, наводно, тие им се пожалиле на свои колеги …

Вмровските пратеници – и на цена и под закани Read More »

Заев: Ќе направиме се што можеме со пратениците за да обезбедиме мнозинство


По седницата на Извршниот одбор на СДСМ, која траеше два часа, куса изјава даде само премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев. Заев не прецизира за што се разговарало, посочувајќи на партиското соопштение за медиумите. Прашан дали во текот на денот имало некаква комуникација со преставници на ВМРО-ДПМНЕ за евентуален договор за усвојување на уставните …

Заев: Ќе направиме се што можеме со пратениците за да обезбедиме мнозинство Read More »

Николовски: Преспанскиот договор е политички мртов, избори само со „Пржинска влада“


ВМРО-ДПМНЕ не го признава резултатот од референдумот, а договорот од Преспа го смета за политички мртов и празно слово на хартија, изјави потпретседателот на партијата Алекснадар Николовски по вечерашниот неколкучасовен состанок на Извршниот комитет на кој се расправало за одржаниот референдум и политичката ситуација во земјата. – ИК на ВМРО-ДМНЕ донесе заклучок референдумот да го …

Николовски: Преспанскиот договор е политички мртов, избори само со „Пржинска влада“ Read More »

ИО на СДСМ: Предвремени избори доколу пратениците не поддржат уставни измени


Извршниот одбор на СДСМ на вечерашната седница заклучил дека пратениците во Собранието треба да ја следат јасно изразената волја на мнозинството од над 600 илјади граѓани, да преземат одговорност и да се забрзаат процесите за конечно членство во НАТО и ЕУ. Доколку тоа не е можно, како што се наведува во партиското соопштение, тогаш веднаш ќе …

ИО на СДСМ: Предвремени избори доколу пратениците не поддржат уставни измени Read More »

Раководството на СДСМ расправа за следните чекори по референдумот


Во седиштето на владејачката СДСМ вечерва почна седницата на Извршниот одбор на партијата. На состанокот присуствува целото раководство предводено од премиерот и лидер на партијата Зоран Заев, министрите Радмила Шекеринска, Драган Тевдовски, Горан Сугарески, Љупчо Николоски, градоначалниците на Скопје и на Карпош, Петре Шилегов и Стефан Богоев, министерот за дијаспора Едмонд Адеми и пратеници и …

Раководството на СДСМ расправа за следните чекори по референдумот Read More »

Богданов: Очекувам пратениците да ја преземат својата одговорност


Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ Костадин Богданов пред вечерашниот состанок на ова партиско тело изјави дека очекува да се разговара за следните чекори по неделниот референдум. – Има опција да се поддржи Договорот во Собрание или предвремени избори. Не знам какво е расположението, ова е прв состанок по референдумот, но мое лично убедување е …

Богданов: Очекувам пратениците да ја преземат својата одговорност Read More »

Данев: Ако има тајно гласање за уставни измени ќе излезам од седницата


Веднаш по завршувањето на референдумскиот ден јас го кажав личниот став дека за мене овој процес е завршен, дека волјата на граѓаните беше јасно и децидно искажана за време на референдумот, изјави вечерва пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Драган Данев пред почетокот на Извршниот комитет на партијата. Тој повтори дека цензус нема и оти не се исполнети …

Данев: Ако има тајно гласање за уставни измени ќе излезам од седницата Read More »

Македонија ЃП го елиминираше Вардар од Купот на Македонија


Фудбалерите на Македонија Ѓорче Петров го елиминираа Вардар во осминафиналето од Купот на Македонија, откако во реванш натпреварот денеска го совладаа со 2:1. Првиот натпревар заврши со реми 1:1. Победата за Македонија ЃП ја донесе Христијан Кировски, кој беше стрелец на двата погодока во 13 и во 62 минута, а Џемал Ибиши во 34-та минута …

Македонија ЃП го елиминираше Вардар од Купот на Македонија Read More »

Чилиманов суспендиран од МИА


Скандалот што го предизвика вработениот во државната агенција МИА, Цветин Чилиманов, кој на Твитер ѝ се обрати на дописничката на Фајненшл Тајмс, Валери Хопкинс со повик за насилство, на нозе ја крена и меѓународната јавност и новинарските здруженија, пишува БИРН. Според нивните информации, Чилиманов е суспендиран од работното место и тој има рок од три …

Чилиманов суспендиран од МИА Read More »

(ВИДЕО) Играта со фрлање од прозор објавена на социјалните мрежи


Играта со фрлање од прозор во која беше повредено 14-годишно девојче во училиште во скопски Аеродром се појавија на платформата „Види вака“ на Фејсбук. Министерството за образование и наука и општина Аеродром вчера преку соопштенија го осудија случајот со фрлањето на ученичка од прозорец од страна на нејзините соученици во основното училиште Ѓорѓија Пулевски“. Во …

(ВИДЕО) Играта со фрлање од прозор објавена на социјалните мрежи Read More »

Столтенберг: Договорот со Грција е единствен пат до НАТО и меѓународната заедница


Непосредно пред стартот на состанокот на министрите за одбрана на членките на НАТО, генералниот секретар на Алијансата, Јенс Столтенберг, порача уште еднаш дека Договорот со Грција е единствен пат за влез во оваа и други организации, но дека земјата суверено треба да одлучи дали и како тоа ќе го стори, преку Собрание или предвремени избори. …

Столтенберг: Договорот со Грција е единствен пат до НАТО и меѓународната заедница Read More »