Пожар во фабрика за бои во Истанбул


Голем пожар избувна денеска во четирикатна фабрика за бои во Истанбул, објавија турските медиуми.

Густ црн дим се издига над објектот во квартот Ќучукчекмеџе.

На местото на инцидентот пристигнуваат многу пожарникарски возила и итна медицинска помош.

Пожарникарите се обидуваат да го изгаснат огнот, а засега нема информации за настрадани луѓе.