Владата на Србија не одговорила на ниту едно од 236 пратенички прашања


Српската Влада од ноември 2017 до август 2018 година на седници на Парламентот добила 236 прашања од пратеници, но извршната власт не одговорила на ниту едно.

Тоа се наведува во извештај на Отворен парламент „Состојба со демократијата во Србија“, јавуваат белградски медиуми.

Само двапати во март и април 2018 година претставници на Владата на Србија присуствувале на седници на Собранието за да одговараат на прашања на пратеници. Тоа претставува кршење на Член 205 од Деловникот на Народното собрание, се додава во извештајот.

Владата на Србија била директен предгалач на закони во 95 отсто случаи во тој период. Останатиот процент предлагачи на закони се пратеници од владејачката коалиција и гувернерот на Народната банка додека ниту еден закон што е усвоен не е предложен од пратеник од опозицијата, пишува во извештајот.