Заев: Ќе направиме се што можеме со пратениците за да обезбедиме мнозинство


По седницата на Извршниот одбор на СДСМ, која траеше два часа, куса изјава даде само премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев.

Заев не прецизира за што се разговарало, посочувајќи на партиското соопштение за медиумите.

Прашан дали во текот на денот имало некаква комуникација со преставници на ВМРО-ДПМНЕ за евентуален договор за усвојување на уставните амандмани во Собранието, Заев кусо кажа дека ќе се направат сите можни обиди да се најде решение.

– Сериозен е процесот пред државата. Ги знаете нашите ставови.  Ќе се обидуваме со пратениците. Се ште можеме ќе направиме. Ги знаете нашите ставови, не би кажувал детали, изјави Заев по состанокот на ИО на СДСМ