Општина Центар утре без вода


Поради промена на шибер вентил од Ф-3 цола на ул.„Кирил и Методиј“ 48 во населба Центар, утре од од 08:30 часот без водоснабдување ќе останат корисниците од блок 4, 5, и 6, Пасошко (МВР), Амбулантата на Железница и кулите 21, 23 и 25, општина Центар, информираат РЦУК по добиената информација од ЈП „Водовод и Канализација“. …

Општина Центар утре без вода Read More »

Во Париз приведен еден од неформалните лидери на Жолтите елеци


Еден од неформалните лидери на Движењето жолти елеци, Ерик Друе синоќа е приведен во Париз поради организирање на протест без претходно да го пријави, јави дописникот на МИА. – Апсењето на Друе е целосно неоправдано и произволно, изјави адвокатката Кеопс Лара. Таа додаде дека повторното апсење на нејзиниот клинет било по барање на префекрурата без …

Во Париз приведен еден од неформалните лидери на Жолтите елеци Read More »

Љубомир Јовески: За ефикасно обвинителството неопходни се 230 обвинители


За нормално и ефикасно функционирање на обвинителството неопходни се 230 обвинители, што значи немањето на шеесетина обвинители сега е сериозен проблем кој, како што вели во интервју за МИА државниот јавен обвинител Љубомир Јовески, очекува да се надмине со измена на законите. Зборувајќи за Специјалното јавно обвинителство, Јовески посочува дека суштествено е да се одлучи …

Љубомир Јовески: За ефикасно обвинителството неопходни се 230 обвинители Read More »

Редуциран возниот ред на ЈСП „Скопје“


Возниот ред на Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ е редуциран поради новогодишните и божикните празници и зимскиот училишен распуст. В понеделник, на Божик, автобусите од јавниот превоз ќе возат по неделен возен ред. Граѓаните повеќе информации за возниот ред можат да добијат во Диспечерскиот центар на 3173-224 и на веб-страницата на ЈСП „Скопје“.

УХМР: Следува температура под нула на повеќе места


Под влијание на многу студена воздушна маса следува период на променливо и студено време со температури кои на повеќе места ќе се задржат под нула, информира денескаУправата за хидрометеоролошки работи (УХМР). Утре ќе дува повремено засилен северен ветер и ќе провејува снег. Во јужните делови ќе има повремени врнежи од снег со слаб до умерен …

УХМР: Следува температура под нула на повеќе места Read More »

Продолжен притворот за ексдиректорот на УБК, Владимир Атанасовски


Поранешниот директор на Управата за безбедност и контраразузнавање, Владимир Атанасовски доби нови 30 дена притвор, потврдија од Кривичниот суд во Скопје. Судот му го продолжи притворот на Атанасовски, кој е осомничен за кривичното дело „здружување заради непријателска дејност” за настаните од 27 април. Атанасовски беше уапсен на почетокот од декември, по сведочењето на браќата Стефан …

Продолжен притворот за ексдиректорот на УБК, Владимир Атанасовски Read More »

Само едно дете проси од згрижените во Дневниот центар во Шутка


Седум родители се гонат кривично бидејќи ги терале своите малолетни деца на питање и на работи што не соодветствуваат на нивната возраст и физичката сила. Од Министерството за внатрешни работи велат дека кривичните дела биле евидентирани до октомври мината година и тоа само во Скопје. Оттаму додаваат дека полициските службеници на дневна основа преземаат мерки …

Само едно дете проси од згрижените во Дневниот центар во Шутка Read More »

Антивакцинална кампања го зема својот данок во главниот град


Епидемија на морбили, односно мали сипаници, во Скопје прогласи Министерството за здравство поради 12 нови случаи. Министерот Венко Филипче вчера изјави дека шест од новите случаи се потврдени преку соодветни анализи, останатите шест се со јасна клиничка слика за кои денеска се чекаат и официјални лабораториски потврди. Заразени со морбили се осуммесечно бебе и деца на возраст …

Антивакцинална кампања го зема својот данок во главниот град Read More »

Калуѓерки во Индија проговорија за сексуално злоупотребување


Калуѓерки во цела Индија проговорија за сексуално злоупотребување во католичката црква во земјата, за свештеници кои ги присилувале на секс, за допирање и бакнежи. Некои светски агенции, кои ја истражувале ситуацијата во Индија, дошле до заклучок дека калуѓерките трпат сексуално злоставување со децении. Десетици калуѓерки го опишале сексуалниот притисок кој го трпеле, а повеќе десетици луѓе …

Калуѓерки во Индија проговорија за сексуално злоупотребување Read More »

„Дејли Мејл“: Јункер пречесто летал со приватни авиони


Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер во 2018 година користел приватни авиони за речиси половина од своите службени патувања ширум светот, пишува „Дејли Мејл“ повикувајќи се на официјални податоци. Според правилата на Европската комисија, изнајмувањето авиони е дозволено само кога не е можно да се најде соодветен комерцијален лет. Меѓута, како што наведува весникот, …

„Дејли Мејл“: Јункер пречесто летал со приватни авиони Read More »

Снег во пустински американски градови


Во голем дел од западниот дел на Америка падна снег, кој паѓал дури и во пустините во Аризона. Во јужниот дел на Аризона снегот покрил кактуси, но и Големиот кањон на север. Националната метеоролошка служба објави предупредување за мраз во Невада, а снег паднал и се задржал на патот на 20 минути од Лас Вегас. …

Снег во пустински американски градови Read More »

Бројката на обвинети во слободен пад


Амнестијата ги преполови обвинетите во судскиот процес што се води за упадот во Собранието на 27 април. Бројката на обвинети може дополнително да се намали ако пред божикните празници Апелацискиот суд одлучи да ги прифати жалбите на дел од обвинетите кои првично не добија амнестија. До петок треба да се знае конечно на колкумина обвинети …

Бројката на обвинети во слободен пад Read More »

Јанчев апелира: Жителите од Поткожувјето да одбегнуваат патувања поради навеви од снег


Апел до жителите од Поткожувјето да се воздржат од неитни патувања поради можни навеви од снег, упатија денеска од кабинетот на кавадаречкиот градоначалник, Митко Јанчев. Согласно најавите од УХМР Скопје, од денеска попладне следи промена на времето проследена со врнежи од снег и засилен северен ветер, како и пад на температурата до -10 C. Врнежите …

Јанчев апелира: Жителите од Поткожувјето да одбегнуваат патувања поради навеви од снег Read More »

Епидемија на мали сипаници во Скопје, потврдени уште шест нови случаи


Епидемија на морбили, односно мали сипаници во  Скопје прогласи Министерството за здравство,  поради 12 нови случаи. Министерот за  Венко Филипче рече  дека шест од новите случаи се потврдени преку соодветни анализи, за останатите шест кои засега се сомнителни, резултатите од анализите ги очекуваат за утре. Заразените ја немаат примено вакцината МРП, а освен деца има и возрасни. …

Епидемија на мали сипаници во Скопје, потврдени уште шест нови случаи Read More »

Заслуга за помошта при пожарите: Двајца Египѓани и еден Албанец добија грчко државјанство


За нивната пожртвуваност и за спасените животи во катастрофалните пожари во јули минатата година, тројца рибари, двајца од Египет и еден од Албанија, денесka добија грчко државјанство, јави дописничката на МИА од Атина. Државјанствата свечено им беа врачени од претседателот на Грција, Прокопис Павлопулос, а на манифестацијата во претседателската палата во Атина присуствуваше и министерот …

Заслуга за помошта при пожарите: Двајца Египѓани и еден Албанец добија грчко државјанство Read More »

Индијките го кренаа гласот: Милион жени излегоа на протести


Повеќе милиони жени формираа синџир во јужната индиска држава Керала во знак на поддршка на еднаквост на половите како одговор на протестот на хинду свештениците и конзервативците, кои им забрануваат на девојчињата и жените од 10 до 50 години да влезат во еден од најголемите хиндуистички храмови на светот, Сабаримала. Комунистичката партија на Индија денеска …

Индијките го кренаа гласот: Милион жени излегоа на протести Read More »

Стапуваат во сила правилата на ЕУ против даночна евазија


Од 1 јануари сите земји членки на Европска унија мораат да ги применуваат новите законски мерки против даночна евазија. Овие мерки ги таргетираат пред сѐ големите мултинационални компании. Со овие правила Европската комисија очекува да спречи голем дел од профитите на компаниите да се пренасочуваат кон земји каде не се оданочени. – ЕК конзистентно и …

Стапуваат во сила правилата на ЕУ против даночна евазија Read More »

Трамп подготвен за нова средба со Ким


Американскиот претседател Доналд Трамп изрази подготвеност за нова средба со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун. – И јас сум подготвен за средба со претседателот Ким, кој е свесен дека Северна Кореја има огромен економски потенцијал, напиша Трамп денеска на Твитер. Неговата порака уследи откако вчера Ким во новогодишното обраќање до нацијата изјави дека е подготвен во …

Трамп подготвен за нова средба со Ким Read More »

Фатен убиецот од Кичево


Поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство“, надворешната канцеларија за криминалистички работи при полициската станица од Кичево, до надлежното Јавно обвинителство, поднесе кривична пријава против Х.Ј.(47) од гостиварското село Ќафа. Х.Ј. делото го сторил на 29.12.2018 околу 17 часот во угостителскиот објект „Гурман“, лоциран на улицата.„Борис Кидрич“ во Кичево, кога со неколку …

Фатен убиецот од Кичево Read More »

(ВИДЕО) Најсмешните моменти од снимањето на третата сезона на Преспав


Третата сезона на телевизиската серија „Преспав“ е во тек, а од продукцијата ОХО споделија дел од најсмешните моменти во текот на снимањето. „Преспав“ трета година по ред предизвикува насмевки кај гледачите, а според она како се снимала серијата, очигледно забавно им е и на актерите. Третата сезоина се емитува на Македонската радио телевизија.