Хан: ЕУ го потцени влијанието на Кина на Балканот


Европскиот комесар за проширување Јоханес Хан во интервју за „Фајненшел тајмс“ (ФТ) изјави дека Европска Унија го потцениla влијанието на Кина на Балканот и изрази загриженост поради кредитите што балканските земји ги земаат од Пекинг. Тој додаде дека некои балкански држави земаат големи кредити од Кина за инфраструктурни проекти со што се зголемува ризикот од …

Хан: ЕУ го потцени влијанието на Кина на Балканот Read More »

Прикажување на филмовите на Манчевски од 8 до 14 март


Од 8 до 14 март во „Котур-кафе“ ќе бидат прикажани петте долгометражни и двата кратки филма на Милчо Манчевски, заедно со изложба на постери од неговите филмови, работни скици, интервјуа, критики и писма. Неделата посветена на нашиот познат режисер е насловена „Филмска азбука – Милчо Манчевски“ и ќе почне задутре од 20 часот со проекција …

Прикажување на филмовите на Манчевски од 8 до 14 март Read More »

Законот против дискриминација ќе се носи со европско знаме


Владата го повлекла од собраниска процедура законот за сопречување дискриминација кој повеќе месеци беше заглавен во Комисијата за труд и социјална политика што ја води Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ. Веднаш потоа законот е пуштен во парламентот со европско знаме за процедурата за негово донесување да биде скратена и да оди преку Комисијата за европски прашања …

Законот против дискриминација ќе се носи со европско знаме Read More »

„Форбс“: Помалку 55 милијардери во светот


Бројот на милијардери во светот од мината година се намалил за 55 лица, односно 2.153, пишува американскиот магазин „Форбс“, објавувајќи листа на најбогатите луѓе во светот. Најмногу милијардери се намалиле во азиско-пацифичкиот регион, особено во Кина, каде што оваа година се помалку за 49 богаташи. Бројот на богатите луѓе се зголемил само во Бразил и …

„Форбс“: Помалку 55 милијардери во светот Read More »

Пристигнуваат Галакси С10


Трите уникатни уреди од Галакси С (Galaxy S) серијата на мобилни уреди – С10 (S10), С10+ (S10+) и С10е (S10e) кои пристигнуваат со првиот динамичен АМОЛЕД екран, камера од новата генерација и интелигентни перформанси, од 8. март ќе бидат достапни на македонскиот пазар. Новите паметни телефони од С серијата поставуваат нови стандарди и се создадени …

Пристигнуваат Галакси С10 Read More »

Избор од поезијата на Матеја Матевски за 90 години од неговото раѓање


По повод деведесетгодишнината од раѓањето на академик Матеја Матевски, „Матица македонска“ објави избор од неговата поезија, насловен според неговата позната стихозбирка – „Дождови“. Деведесет песни од богатиот опус на авторот се застапени во овој избор што го подготви поетот Раде Силјан. -Матеја Матевски (Истанбул, 1929 – Скопје, 2018) припаѓа во редот на челниците на современата …

Избор од поезијата на Матеја Матевски за 90 години од неговото раѓање Read More »

Мијалков му јавил на Камчев дека ќе го претресуваат


Врховниот суд воопшто не го зел предвид предлогот на Специјалното јавно обвинителство за продолжување на притворот на бизнисменот кој е осомничен во случајот „Империја“, но од предлогот до Врховниот суд, СЈО открива детали за истрагата за овој предмет и образложува зошто Камчев и другите двајца бизнисмени осомничени во овој случај, Цветан Панделески и Ненад Јосифовиќ, …

Мијалков му јавил на Камчев дека ќе го претресуваат Read More »

Под дипломатски притисок, опозицијата се враќа на зелена маса


Политичкиот консензус се „врати“ во парламентот на почетокот на оваа седмица, по бурната недела претходно кога поради силни искрења меѓу власта и опозицијата, од една страна, а од друга меѓу коалициските партнери во Владата, беше откажана втората сесија во рамки на процесот „Жан Моне“. Во меѓувреме, во земјава допатуваа европарламентарците Едуард Кукан и Кнут Флекенштајн, …

Под дипломатски притисок, опозицијата се враќа на зелена маса Read More »

Сендвич наречен по словенечкиот пратеник кој поднесе оставка


Словенечки дистрибутер за брза храна, специјализиран за сендвичи ја искористи актуелната афера која изнуди оставка од еден пратеник и на пазарот пласираше сендвич наречен „претставник“. – Во прашање е корисна алтернатива за невкусен чин на еден од 90-те избрани претставници на народот во нашиот Парламент, соопшти компанијата „Сендвичарна“, притоа алудирајќи на пратеникот Дариј Крајчич, кој …

Сендвич наречен по словенечкиот пратеник кој поднесе оставка Read More »

(Галерија)„Независен“ на автопатот Миладиновци-Штип


Работниците ги отстрануваат земјените бариери кои се истурени на повеќе места на автопатот Миладиновци-Штип. Тие веќе не се потребни за да ги спречуваат возачите на диво да се возат по автопатот. За еден-два дена и официјално ќе биде дозволено возење на делницата меѓу Миладиновци и Кадрифаково. Оттаму до Штип и досега се возеше по новиот …

(Галерија)„Независен“ на автопатот Миладиновци-Штип Read More »

Италијанскиот премиер Џузепе Конте во посета на Белград


Италијанскиот премиер утре ќе престојува во еднодневна посета на Србија, при што ќе оствари средби со српскиот претседател Александар Вучиќ и премиерката Ана Брнабиќ. Конте првпат откако е премиер доаѓа во Западен Балкан, а посетата на Србија е негова прва билатерална посета на европска земја од почетокот на годината. Во пресрет на посетата, Вучиќ во …

Италијанскиот премиер Џузепе Конте во посета на Белград Read More »

Се гради консензус за идниот статус на СЈО


Владата на денешната седница треба да го разгледа и проследи на усвојување во Собрането законот со кој ќе се регулира идниот статус на Специјалното јавно обвинителство. Судбината на ова обвинителство зависи од двотретинското мнозинство во законодавниот дом. Премиерот Зоран Заев очекува дека законот за СЈО ќе биде донесен со консензус. Тој одговарајќи на новинарско прашање …

Се гради консензус за идниот статус на СЈО Read More »

Лозано доби „Оскар на популарноста“ во Бања Лука


По двете награди на „Златна Бубамара“ за пејач на годината и хит на годината, популарниот пејач Влатко Лозаноски – Лозано доби признание и надвор од границите на нашата земја. Вчеравечер во спортската сала „Борик“ во Бања Лука се одржа традиционалната манифестација „Оскари на популарноста“, каде Лозано како единствен изведувач од нашата земја ја освои наградата …

Лозано доби „Оскар на популарноста“ во Бања Лука Read More »

По управни и надзорни одбори се членува и со средно образование


Двајца директори и најмалку 14 членови на надзорни одбори на јавни претпријатија во земјава се со средно образование, што е спротивно на законските критериуми, покажува базата на податоци за членовите на управувачките структури на државните институции што ја изработи Институтот за демократија „Социетас Цивилис“ од Скопје, пренесува Призма. Станува збор, пред сѐ, за јавни претпријатија …

По управни и надзорни одбори се членува и со средно образование Read More »

Подвижна библиотека за учениците од скопските приградски населби


Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ со финансиска поддршка од Град Скопје набави нова подвижна библиотека библиобус – адаптирано возило опремено со книги наменети за ученици. Библиобусот посетува повеќе скопски приградски населби и ги опслужува учениците од 19 училишта во Марино, Мралино, Бунарџик, Текија, Мршевци, Кучевиште, Сопиште, Сушица, Оризари, Припор, Долно Коњари, Добри Дол, Побожје, Долно Соње, …

Подвижна библиотека за учениците од скопските приградски населби Read More »

Шест романи во трката за „Роман на годината“


Фондацијата за унапредување и промоција на културата „Славко Јаневски“ информира дека во трката за награда на „Роман на годината“ за 2018 година останаа шест романи. Жири-комисијата во состав: Фросина Пармаковска (претседател), Богомил Ѓузел, Александар Прокопиев, Елизабета Баковска и Катерина Богоева, во својата втора селекција ги избра романите: „Страв од варвари“ од Петар Андоновски („Или-или“); „Последното …

Шест романи во трката за „Роман на годината“ Read More »

Заев очекува консензус за законот за СЈО


Премиерот Зоран Заев очекува дека законот за СЈО ќе биде донесен со консензус. Тој денеска одговарајќи на новинарско прашање рече дека законот влегува во парламентарна расправа со тоа што прво ќе се разговара со најголемата опозициска партија па со помалата група на пратеници од ВМРО-ДПМНЕ, а потоа и со помалите опозициски партии на Албанците. – …

Заев очекува консензус за законот за СЈО Read More »

Камчев на слобода, на ред е Мијалков


Најбогатиот Македонец, Орце Камчев, по два месеца поминати во притвор во Шутка и два месеца поминати во куќен притвор, од вчера е слободен. Врховниот суд ги прифати жалбите што ги поднесоа Камчев и останатите осомничени во случајот „Империја“, Цветан Панделески и Ненад Јосифовиќ, со кои бараа да бидат ослободени и од куќен притвор. Оваа одлука …

Камчев на слобода, на ред е Мијалков Read More »

Венецуелскиот владин авион ненадејно слетал во Атина


Во голема тајност, без претходно да биде доставен план за летање, владиниот авион на Венецуела, со ознаката YV2486 во саботата напладне слета на аеродромот „Елефтериос Венизелос“ во Атина, објави грчката телевизија „Скај“, повикувајќи се на ексклузивни информации, вест која предизвика нови несогласувања меѓу власта и опозицијата во Грција, јави дописничката на МИА од Атина. Според …

Венецуелскиот владин авион ненадејно слетал во Атина Read More »

Туна со концерт за 8 март


Алтуна Сејди – Туна, име што веќе е познато на сите генерации и љубители на забавната музика, по извесно затишје, како што уметниците го нарекуваат „креативна тишина“,се враќа со концерт во Македонската филхармонија на 8 март, во 20 часот во организација на Културно информативен центар-Скопје (КИЦ). Со овој концерт пејачката одбележува две децении кариера и …

Туна со концерт за 8 март Read More »