Законот против дискриминација ќе се носи со европско знаме


Владата го повлекла од собраниска процедура законот за сопречување дискриминација кој повеќе месеци беше заглавен во Комисијата за труд и социјална политика што ја води Влатко Ѓорчев од ВМРО-ДПМНЕ. Веднаш потоа законот е пуштен во парламентот со европско знаме за процедурата за негово донесување да биде скратена и да оди преку Комисијата за европски прашања што ја води Артан Груби од ДУИ.

Законот во скратена постапка е ставен на дневен ред на денешната собраниска седница и се очекува да биде донесен набрзо. Станува збор за закон кој е дел од европските критериуми, а чие донесување долго време го кочеше ВМРО-ДПМНЕ, а резерви кон него имаше и ДУИ.

Повеќе граѓански организации протестираа во последните денови, со барање да се донесе Законот кој ги унапредува граѓанските права, но и предвидува реформа на Комисијата за спречување дискриминација. A.M.M.