Северна Кореја ја ограничи количината на храна на 300 грама дневно


Околу 40 отсто од населението во Северна Кореја има итна потреба за помош во храна, поради тоа што земјата имаше најлоша жетва во изминатава деценија, објавија Обединетите нации. ОН на барање на Северна Кореја спроведе проценка на сигурноста за храна и утврди дека над 10 милиони луѓе се под ризик од глад до следната жетва. …

Северна Кореја ја ограничи количината на храна на 300 грама дневно Read More »

Јапонскиот цар Нарухито прв пат му се обрати на народот


Јапонскиот цар Нарухито, првпат по преземањето на престолот, ја поздрави јавноста, изразувајќи надеж дека Јапонија и натаму ќе стреми кон мир. Насмеаниот Нарухито(59), во костум, заедно со сопругата, царицата Масако, од балконот на својата резиденција им се заблагодари на луѓето на честитките. Нарухито рече дека е длабоко благодарен и задоволен од приредената свеченост. – Ви …

Јапонскиот цар Нарухито прв пат му се обрати на народот Read More »

Затворените продавници во недела Италија би ја чинеле 10 милијарди евра


Владата на Италија не се откажува од предизборното ветување дека ќе им забрани на трговците да работат во недела, иако тоа ќе ја чини речиси 10 милијарди евра. Како што наведува Блумберг, откако популистичкото „Движење 5 ѕвезди“ и десничарската „Лига“ пред една година потпишаа договор за коалиција, една работа што ги поврзува е што им …

Затворените продавници во недела Италија би ја чинеле 10 милијарди евра Read More »

Ердоган: Европа живее мирно затоа што Турција згрижи четири милиони бегалци


Европа немаше да ужива на ова ниво на безбедност и мир, ако не беше желбата на Турција да ги спречува брановите бегалци што доаѓаат до нејзините граници, изјави турскиот претседател Реџеп Тајип Ердоган. – Ако европските земји денес живеат во мир, тоа е благодарение на Турција која згрижи четири милиони бегалци, рече Ердоган Во 2015 …

Ердоган: Европа живее мирно затоа што Турција згрижи четири милиони бегалци Read More »

Трошка надеж за договор меѓу конзервативците и лабуристите за Брегзит


Министерот за надворешни работи на Велика Британија Џереми Хант изјави дека има „трошка надеж” дека неговата Конзервативна партија ќе постигне компромис за Брегзит со опозициската, Лабуристичка партија. Сепак, тој не смета дека предлогот на лабуристите за царинска унија со ЕУ би бил долгорочно решение. – Трошка надеж постои во тоа дека и гласачите од конзервативното јадро …

Трошка надеж за договор меѓу конзервативците и лабуристите за Брегзит Read More »

Годишнината од загинувањето на Гоце Делчев одбележана во Струмица


Пред споменикот во Струмица денес беше одбележана 116 годишнината од загинувањето на апостолот на македонското револуционерно движење, Гоце Делчев. За неговиот животен и револуционерен пат зборуваше градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски. -Во спомен на тој злокобен ден, а во чест на најголемиот македонски син, еве сме повторно собрани на струмичкиот плоштад кој го носи името …

Годишнината од загинувањето на Гоце Делчев одбележана во Струмица Read More »

Медиумските слободи не смее да бидат половични


АЛЕКСАНДРА М. МИТЕВСКА Најмалку 95 новинари ширум светот настрадале вршејќи ја својата работа во текот на 2018 година. Тоа е новата поразителна бројка со која се соочуваме и годинава на меѓународниот Ден на слобода на медиумите. Меѓународната федерација на новинари се огласи со оценка дека нетолеранцијата, популизмот, криминалот и корупцијата се фактори што придонесуваат за …

Медиумските слободи не смее да бидат половични Read More »

МОСТ ќе го следи вториот круг од изборите со повеќе од 1.500 набљудувачи


Граѓанската асоцијација МОСТ ќе ги следи утрешните избори со повеќе од 1.500 набљудувачи. На 1.160 гласачки места, избрани според случаен и репрезентативен примерок, ќе бидат распоредени исто толку набљудувачи со што ќе се покријат 33 проценти од вкупниот број гласачки места во Република Северна Македонија. Како што денеска соопштија од МОСТ, набљудувачите се статични и …

МОСТ ќе го следи вториот круг од изборите со повеќе од 1.500 набљудувачи Read More »

Шанахан: САД се подготвува да ја исклучи Турција од проектот Ф-35


Министерството за одбрана на САД се подготвува да ја исклучи Турција од проектот за набавка на американски борбени авиони Ф-35, поради намерата на Анкара да купи противракетен одбранбен систем С-400 од Русија, изјави денеска американски секретар за одбрана, Патрик Шанахан. Тој минатата недела разговараше со раководството на компанијата „Локид Мартин“ и „Јунајтед технолоџис корпорејшн“ за …

Шанахан: САД се подготвува да ја исклучи Турција од проектот Ф-35 Read More »

Излезеноста во дијаспората до 10 часот е 7,71 процент, во затворите 30 отсто


До 10 часот во 32 дипломатско конзуларните претставништа на нашата земја своето гласачко право на шестите преседателските избори го искористиле 7,71 процент од пријавените 1.781 гласач. Како што соопшти денеска портпаролката на Државната изборна комисија Љупка Гугучевска, најголема излезност до 10 часот има во Сараево каде гласале 22 проценти, Брисел 16,33, Прага 14,58 отсто, а …

Излезеноста во дијаспората до 10 часот е 7,71 процент, во затворите 30 отсто Read More »

(ГАЛЕРИЈА) Лени Кравиц по вторпат испиша историја во Македонија


Незапаметена пријателска атмосфера се случи вчера на концертот на Лени Кравиц во Скопје. ВИП-арената беше исполнета до последно место со публика од сите генерации. – Добровечер, како сте? Многу сме благодарни што сме со вас оваа вечер и ви благодариме на убавото добредојде. Се прошетав низ Скопје и најдов многу љубов во Македонија – се …

(ГАЛЕРИЈА) Лени Кравиц по вторпат испиша историја во Македонија Read More »

Пациентите ќе ги добијат сите потребни здравствените услуги за време на посетата на Папата


Министерството за здравство информира дека за време на посетата на Папата Франциск, пациентите од целата држава непречено ќе ги добијат сите потребни здравствени интервенции и со посебен план на министерството, соодветно ќе се одговори на сите итни медицински потреби на граѓаните. Клиничкиот центар во Скопје, стои во денешното соопштение од Министерството за здравство, ќе биде …

Пациентите ќе ги добијат сите потребни здравствените услуги за време на посетата на Папата Read More »

Заев се повлече од тело за украс


Премиерот Зоран Заев воопшто не присуствувал на последните неколку седници на Советот за имплементација на реформите во правосудството, а одлуката да се повлече не ја соопшти најверојатно случајно пред вториот круг на претседателските избори, за да покаже дека ги слушнал критиките за евентуално влијание на извршната врз судската власт. На неговото место официјално седна министерката …

Заев се повлече од тело за украс Read More »

Северна Македонија 42-та земја што ќе ја посети папата Франциск


Северна Македонија ќе биде 42-ра земја што ќе ја посети папата Франциск од неговото устоличување како понтиф на Римокатоличката црква во 2013 година. Папата треба да пристигне во апостолска посета на земјава на 7 мај, а претходно ќе ја посети Бугарија. Папата досега имал 29 апостолски патувања надвор од Ватикан кои опфаќаат земји каде што …

Северна Македонија 42-та земја што ќе ја посети папата Франциск Read More »

Промоција на поетската книга „Стан што се распаѓа“ од Биљана Стојановска


Промоција на книгата „Стан што се распаѓа“ од поетесата Биљана Стојановска ќе се одржи во клуб-ресторанот на МКЦ, на 6-ти мај (понеделник) со почеток во 20 часот. Промотор е Јане Чаловски, Претседател на Управниот одбор на Галикул. Стихови ќе читаат: Ѓоко Здравески, Ана Голејшка Џикова, Владимир Мартиновски и Николина Андова Шопова. Музички настап ќе има …

Промоција на поетската книга „Стан што се распаѓа“ од Биљана Стојановска Read More »

Скопски маратон: Турние победник кај мажите, Мухири најбрза кај дамите


Чалаче Тируне (Етиопија) е победникот на 15. јубилен „Визер скопски маратон“. Тој истрча со време од 2:15.37 часа, а зад него завршија Вилфред Корир од Кенија и неговиот сонародник Гатаје Гелав. Најдобропласиран Македонец беше Александар Кираџиев, кој заврши на шестото место. Во женска конкуренција Јунис Мухири (Кенија) со време 2:33.38 часа постави рекорд на маратонот, …

Скопски маратон: Турние победник кај мажите, Мухири најбрза кај дамите Read More »

Митра од Рајчица тијара на папата Франциск


Папата Франциск кој на 7 мај доаѓа во апостолска посета на Северна Македонија, е сопственик на уникатна митра изработена специјално за него од монахињите во манастирот Свети Георгиј Победоносец во Рајчица. Митрата на папата Франциск му беше подарена од македонската државно-црковна делегација која во 2016 година беше на аудиенција во Ватикан по повод чествувањето на …

Митра од Рајчица тијара на папата Франциск Read More »

Повеќе пријавени за гласање дома во вториот круг во Тетово


Во вториот изборен круг на претседателските избори во рамки на општинската изборна комисија Тетово денес како болни и изнемоштени граѓани во домашни услови гласаат 15 лица или еден повеќе од првиот круг кога имаше 14. Повеќе граѓани кои гласаат во домашни услови има и во општина Јегуновце. – Во нашата изборна комисија по првиот круг …

Повеќе пријавени за гласање дома во вториот круг во Тетово Read More »

Скопски маратон низ фотографии


Годинешниот „Визер скопски маратон“ се одржа денеска по 15ти јубилеен пат.Имаше рекордна бројка од 12.500 учесници, од кои поголемиот дел во трката на 5 километри.Меѓу учесниците имаше новинарски екипи меѓу кои и деветмина од редакцијата на „Независен весник“.На трката учествуваше и италијанскиот амбасадор во Македонија Карло Ромео. Меѓу натпреварувачите трчање и директорот на Фондот за …

Скопски маратон низ фотографии Read More »

Авион се лизна од пистата и падна во река


Чартер авион со 143 патници, кој патувал од Куба до северна Флорида, денеска се лизна од пистата и заврши во реката Сент Џон. Во инцидентот нема загинати и повредени, соопштија локалните власти. – Авионот „Боинг 737“, кој со 136 патници и седум членови на екипажот, пристигна во морнаричката авио-база Џексонвил од морнаричката база Гвантанамо во …

Авион се лизна од пистата и падна во река Read More »