Земјотрес почувствуван во Скопје


Телеметриската сеизмолошка мрежа со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утринава во 05 часот и 58 минути регистрирше земјотрес, чиј епицентар се наоѓа 11 километри источно од Скопјe и потекнува од скопското епицентрално подрачје. Неговата Рихтерова магнитуда изнесува 2.5, а беше почувствуван од населението …

Земјотрес почувствуван во Скопје Read More »

Бесплатна телефонска линија кај омудсманот за пријавување повреда на избирачко право


Во канцеларијата на Народниoт правобранител утре, на денот на одржувањето на вториот круг од Претседателските избори 2019, и предвремените избори за градоначалник за општините Охрид и Ново Село, во периодот од 7:00 до 19:00 часот ќе функционира беслатната телефонска линија: 0800-54321, на која граѓаните ќе можат да пријават каква било повреда на избирачкото право. Отворени …

Бесплатна телефонска линија кај омудсманот за пријавување повреда на избирачко право Read More »

Одлучувачки круг за избор на петтиот претседател


Вкупно 1.808.131 избирач ќе одлучат в недела дали ќе биде избран петтиот претседател на државата и кој би ја заземал формално највисоката функција во хиерархијата на власта. Вториот изборен круг е одлучувачки и доколку нема поголеми прегласувања за две седмици, тогаш уште в недела навечер ќе се знае кој е новиот станар на Водно. Вториот …

Одлучувачки круг за избор на петтиот претседател Read More »

Триесет и девет години од смртта на Јосип Броз Тито


На денешен ден пред 39 години почина доживотниот претседател на Социјалистичка Федеративна Република Југославија – Јосип Броз Тито (1892-1980). Тито беше водач во борбата против окупаторот од 1941 до 1945 година. Беше долгогодишен лидер на Комунистичката партија на Југославија и командант на нејзините оружени сили од крајот на Втората светска војна до смртта во 1980 …

Триесет и девет години од смртта на Јосип Броз Тито Read More »

Сто и шеснаесет години од загинувањето на Гоце Делчев


Делегации на Владата и Собранието и претставници од здруженија на граѓани, општини и институции денеска од 10 часот ќе положат цвеќе на гробот на револуционерот и борец за слобода Гоце Делчев во дворот на црквата „Свети Спас“ во Скопје, со што ќе бидат одбележени 116 години од неговото загинување. Владината делегација ќе ја предводи вицепремиерот …

Сто и шеснаесет години од загинувањето на Гоце Делчев Read More »

Изборите ќе ги следат 3.381 домашни и 520 странски набљудувачи


Претседателските избори во земјава ќе ги следат 3.381 домашни и 520 странски набљудувачи, како и 289 преведувачи и 60 странски новинари акредитирани од ДИК. Од домашните најголем број набљудувачи има МОСТ, потоа Здружението за афирмација на хумани вредности и младинска интеграција МАК-СОНЦЕ Скопје и Здружението на граѓани за развој и промоција на туризмот, одржлив развој …

Изборите ќе ги следат 3.381 домашни и 520 странски набљудувачи Read More »

Спорот со Ливерпул не е решен, смета Валверде


Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде смета дека неговиот тим не е сигурен финалист во Лигата на шампионите. Во средата, „блаугранас“ го победи Ливерпул со 3:0 во првиот натпревар и има солидна предност пред реваншот во Англија во вторник. – Имаме добро водство, но спорот не е решен. Видовме на што е способен ривалот, изјави тренерот …

Спорот со Ливерпул не е решен, смета Валверде Read More »

Телефонски разговор Трамп – Путин на повеќе актуелни теми


Американскиот претседател Доналд Трамп и неговиот руски колега, Владимир Путин денеска  разговара на повеќе теми, соопштија од Белата куќа. Портпаролка на Белата куќа, Сара Сандерс изјави дека телефонскиот разговор траел  еден час и двајцата лидери разговарале за нераспространување на нулеарното оружје, денуклеаризација на Северна Кореја, за Венецуела и за извештајот на специјалниот обвинител Робарт Малер за …

Телефонски разговор Трамп – Путин на повеќе актуелни теми Read More »

Помпео на 7 мај во Берлин со Меркел ќе разговара за Западен Балкан


Американскиот државен секретар Мајк Помпео на 7 мај ќе го посети Берлин, при што е предвидено да се сретне со германската канцеларка Ангела Меркел и министерот за надворешни работи Хајко Мас, соопшти Стејт департментот. Како што се наведува во соопштението од Стејт департментот Помпео на средбите со Меркел и Мас ќе разговара за прашања од …

Помпео на 7 мај во Берлин со Меркел ќе разговара за Западен Балкан Read More »

И директорот на неврохиругрија заразен од морбили


На Клиниката за неврохирургија од морбили се заразиле неколку вработени меѓу кои директорот. Поради сериозноста на болеста тој во моментот е хоспитализиран на Клиниката за инфективни болести. Дознаваме дека денеска бил вакциниран медицинскиот персонал бидејќи малите сипаници се шират бргу. Директорот Владимир Рендевски за НОВА ја потврди информацијата. „Веќе неколку дена сум на Клиниката за …

И директорот на неврохиругрија заразен од морбили Read More »

Судскиот совет му го одзеде имунитетот на судијата, но не одобри притвор


Судскиот совет му го одзеде имунитетот на судијата во Управниот суд за кој обвинителството отвори истрага, но не го одобри барањето за да му се определи притвор. Судијата е осомничен за злоупотреби со предмет за денационализација, како и по барање за одобрување на негов притвор. Тој се повикал на правото на судиски имунитет откако Обвинителството …

Судскиот совет му го одзеде имунитетот на судијата, но не одобри притвор Read More »

На ДУИ веќе не ѝ одговара Џафери да биде претседател


Пред финалето на шестите претседателски избори, владејачката ДУИ ја засили кампањата за поддршка на заедничкиот кандидат со СДСМ, Стево Пендаровски. Шефот на партискиот изборен штаб Изет Меџити одржа прес-конференција на која прогнозираше дека на контото на Пендаровски на 5 мај ќе се слеат околу 80 илјади гласа на поддржувачи на ДУИ, од кои околу 50 …

На ДУИ веќе не ѝ одговара Џафери да биде претседател Read More »

Не е време за дефетизам за ЕУ


АЛЕКСАНДРА М. МИТЕВСКА Ако Македонија ја пропушти и следната шанса за добивање почеток на преговори со ЕУ, односно ако Унијата ја пропушти можноста да ѝ пушти уште летово свеж ветар во грбот на земјава и со тоа да му застане на патот на домашниот евроскептицизам што се интензивира последните години, тоа првенствено ќе значи уште …

Не е време за дефетизам за ЕУ Read More »

Википедија на македонски јазик ја надмина бројката од 100.000 статии


Со статијата „Среден клеточен волумен“, Википедија на македонски јазик го надмина бројот од 100.000 статии, што претставува јубилеен успех на најголемата енциклопедија на македонски јазик. Википедија е слободна енциклопедија која секој може да ја уредува, основана на 15 јануари 2001 година, а на македонски јазик е достапна од август 2003 година, иако заедницата на активни …

Википедија на македонски јазик ја надмина бројката од 100.000 статии Read More »

„Алфите“ спасија маж од водите на Вардар


Со интервенција на двајца припадници на специјалната единица „Алфи“, претпладнево беше спасен возрасен маж од водите на Вардар во Скопје. Мажот околу 10 часот бил забележан во Вардар во близина на Камениот мост и била известена полицијата, а водите го повлекоа до пред зградата на Министерството за надворешни работи. Двајца припадници на „Алфите“ влегоа за …

„Алфите“ спасија маж од водите на Вардар Read More »

Абе: Подготвен сум за средба со Ким без предуслови


Јапонскиот премиер Шинѕо Абе изјави дека е подготвен за средба „без предуслови” со севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, со цел да бидат воспоставени дипломатските односи меѓу двете соседни земји. Абе во интервју за денешното издание на весникот „Санкеј шимбун“.побара средба со Ким за да бидат регулирани особено споровите околу премногу чувствителната тема за Јапонците – киднапираните …

Абе: Подготвен сум за средба со Ким без предуслови Read More »

Лени Кравиц пристигна во Скопје


Музичката ѕвезда Лени Кравиц доцна синоќа пристигна во Скопје со својата екипа која брои околу 60 луѓе, информираше Авалон продукција. Кравиц пристигна два дена пред големиот концерт кој ќе се одржи утре во ВИП-арената „Борис Трајковски“. Македонија е негова трета концертна станица пo Словенија и Австрија во рамките на турнејата „Raise vibration“. Организаторот на концертот …

Лени Кравиц пристигна во Скопје Read More »

Заев ги повика граѓаните да излезат да гласаат на 5 мај


Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев денеска преку видео-обраќање ги повика граѓаните да излезат да гласаат во вториот круг од претседателските избори на 5 мај. – На овие избори се носи клучна одлука во клучен момент за нашата земја и нашата иднина. Дали одиме напред, дали продолжуваме со развиениот свет или ќе дозволиме блокада …

Заев ги повика граѓаните да излезат да гласаат на 5 мај Read More »

Еден загинат и над 40 повредени во судирите во Венецуела


Една девојка загина и 46 лица се повредени во Каракас каде опозицискиот лидер Хуан Гуаидо повика на генерален штрајк во обид да биде симнат од власт претседателот Никоас Мадуро. Мадуро зад себе се уште ги има како поддршка армијата и ветува казни за „предавниците“ одговорни за неуспешниот преврат. Венецуелски невладини организации потврдија дека 27-годишната Јурубит …

Еден загинат и над 40 повредени во судирите во Венецуела Read More »

Српското книжевно списание „Eckermann” објави поетски избор на Томислав Османли


Под заедничкиот наслов „Mediterranica“, најновиот, 21-ви број на престижното српско литературно списание „Eckermann” објави избор од неколку песни на македонскиот писател Томислав Османли. Станува збор за песните „Љубов“, „Престолнина“, „Лето ’74“, „Каде живееш“. Овој поетски избор од нашиот автор, познат како прозаист, доаѓа по покана од уредникот за поезија на спомнатото списание, врз основа на …

Српското книжевно списание „Eckermann” објави поетски избор на Томислав Османли Read More »