Атентат над привремениот претседател на Мали: Го нападнаа со нож
Двајца вооружени мажи, од кое еден имал нож, денеска го нападнаа транзицискиот претседател на Мали, Асими Гоита за време на молитва во џамија во главниот град Бамако.
Нападот се случи за време на исламските свечености по повод Курбан бајрам, а новинар на АФП посведочи дека претседателот е одведен од местото на нападот.
Гоита, полковник на војската на Мали, кој симна од власт двајца претседатели во изминатите 11 месеци, при заклетвата рече дека ќе ја надгледува транзицијата кон демократски избори.
Тој, под притисок на регионалните и светски сили треба да организира избори во февруари, а неговите советници сугерираа дека рокот може и да се помести.
„Ситуацијата нѝ нуди прилика процесот на транзиција да го вратиме кон насоката која луѓето ја сакаат“, рече Гоита за време на заклетвата, коа маскирната униформа ја замени со темно-сива офицерска.
Рече дека е предаден на обврската да спроведе кредибилни, праведни и транспарентни избори кои се закажани.