Анкета: Харис и Трамп во драматично израмнета трка за избор на претседател, со намален број на неопределени гласачи


 На две недели кампања пред изборите потпретседателката Камала Харис и поранешниот претседател Доналд Трамп трчаат речиси изедначено во седумте решавачки сојузни држави чии електорални гласови најверојатно ќе го одредат идниот претседател на САД.

За разлика од претходната ваква анкета изведена пролетта, сега има помал број на неопределни гласачи.

Спроведена во првата половина од октомври меѓу 5.000 регистрирани гласачи, анкетата на „Вашингтон пост“ и школата „Шар“ покажува дека 47 проценти од испитаниците ја подржувваат Харис, и ист број на испитаници се за Трамп. Оние што рекле дека најверојатно ќе гласаат, 49 отсто се за Харис, а 48 проценти го поддржуваат Трамп.

Поддршката за Трамп е речиси непроменета во шесте клучни држави по анкетата со иста методологија одржана пред пет месеци, и е 48 проценти, но позицијата на Харис е за шест процентни поени повисока од 41 процент што ги доби претседателот Џо Бајден, како тогашен кандидат. Во меѓувреме Бајден се повлече од трката и беше заменет од Харис.

Покрај гласачите во клучните држави, анкетата се фокусира и на значајна група регистрирани гласачи кои сè уште не се цврсто определени за кој кандидат да гласаат, и нивната историја на гласање остава простор за дилема дали ќе гласаат оваа есен.

Од друг дел од електоратот кој веќе долго време е определен за некој кандидат, оваа група на „одлучувачи“ би можела да биде клучна кога решавачките држави може да добијат или изгубат со тесни разлики. Резултатите покажуваат промени во оваа група гласачи споредено со првата анкета спроведена на пролет, пишува весникот.

Околу три четвртини од гласачите во клучните држави велат дека сигурно ќе гласаат за Харис или Трамп (74 проценти соодветно). Тоа е зголемување од 58 проценти кај гласачите кои беа определени да гласаат за Бајден или за Трамп.

Процентот на неопределени гласачи се намалил од 42 проценти на 26 проценти во изминатите пет месеци.

Анкетата укажува дека околу 21 процент од веројатните гласачи кажале дека сè уште не се целосно определени дали да гласаат за Харис или за Трамп.