Ангела Меркел и Марио Драги планираат да примат вакцина од „АстраЗенека“

Германската канцеларка Ангела Меркел и италијанскиот премиер Марио Драги соопштија дека имаат намера да се вакцинираат со вакцината на „АстраЗенека“ откако Европската агенција за лекови ЕМА даде позитивна оценка за употреба наведувајќи дека е сигурна и ефикасна.
Меркел рече дека е подготвена да прими вакцина „АстраЗенека“ иако нејзината примена беше сопрена на неколку дена поради сериозни нарушувања со згрутчувања на крвта кај некои вакцинирани лица, за што нема докази дека се предизвикани од вакцината.
„Да, ќе се вакцинирам со „АстраЗенека“. Ќе го почекам својот ред, но тоа секако ќе го направам“, рече Меркел.
Дури 15 земји ја сопреа вакцинацијата со „АстеаЗенека“ поради нуспојавите, но ЕМА во четвртокот препорача дека вакцината е безбедна.Тоа мислење едвај се очекуваше со оглед на тоа што во Европа има бедостиг на вакцини.
„Користа која се поврзува со вакцината „АстраЗенека го надминува ризикот“, истакнаа од Светската здравствена организација во петокот.
Меркел по средбата со челниците на покраинските влади порача дека мотото е „вакцинирање, вакцинирање, вакцинирање“, по критиките упатени поради спората имунизација во земјата.
Додаде дека подготвена да ја нарача и руската вакцина „спутник V“ за потребите на својата земја, ако добие одобрени од ЕУ.
„Мислам дека ЕУ треба да се користи секаква вакцина што ќе ја одобри ЕМА. Во тој случај очекувам заедничка наредба на ЕУ за сите земји од блокот. Но, ако тоа не се случи, Германија сама треба да делува и тоа ќе го направиме“, додаде Меркел.
И италијанскиот премиер Марио Драги рече дека ќе се вакцинира со вакцината „АстраЗенека“.
„Уште не сум се пријавил, но лицата на моја возраст имаат право на тоа и да, ќе се вакцинирам со „АстраЗенека“, мојот син ја прими завчера во Англија, па немам баш никакви предрасуди и сомнежи“, рече Драги.