Алкараз и Синер во Монте Карло во дуел за првото место на АТП листата
Монте Карло – Двајцата најдобри светски тенисери Карлос Алкараз и Јаник Синер ќе играат во утрешното финале на Мастерсот во Монте Карло. Тие без поголем проблем постигнаа победи во денешните полуфинални мечеви.
Алкараз го совлада Валентин Вашеро со 2:0 во сетови (6:4 и 6:4) за нешто помалку од 90 минути. За Вашеро ова е одличен резултат и со пласманот во полуфиналето обезбеди влез во ТОП 20.
Јаник Синер беше поубедлив во дуелот со Александар Зверев и за 82 минути стигна до победа од 2:0 (6:1 и 6:4). За Зверев ова беше шесто полуфинале на Мастерс турнирите и сите шест меча ги загуби.
Утрешното финале почнува во 15 часот и ќе биде прв меч меѓу Алкараз и Синер во 2026 година воедно и директен дуел за првото место на АТП листата.