Ахмети, Филипче и Ковачевски имале државно обезбедување
Пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, на социјалните мрежи објави дека државно обезбедување моментално имаат Али Ахмети, Венко Филипче и Димитар Ковачевски. Информациите ги добил како одговор на пратеничко прашање.
– Во врска со пратеничко прашање поставено од Димитар Апасиев кое се однесува на тоа кои од актуелните пратеници во Собранието на Република Северна Македонија имаат/користат државно обезбедување од страна на Министерството за внатрешни работи, ве известуваме дека согласно одредбите од Уредбата за личностите и објектите што се обезбедуваат, видовите на мерки и активности и степените на обезбедување („Службен весник на Република Македонија” бр.56/14 и 161/16 и „Службен весник на Република Северна Македонија” бр.267/19 и 244/23), определени се мерки и активности за обезбедување за следните пратеници:Али Ахмети, Венко Филипче и Димитар Ковачевски, стои во одговорот.