Бред Пит, Даниел Крег… Кој сѐ го следи финалето во Вимблдон


Лондон- Финалето на тенискиот турнир во Вимблдон помеѓу Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз носи многу возбудувања, особено по изедначувачкиот сет во корист на младиот шпански тенисер, а сето тоа од трибините го следат и повеќе славни личности.

Така, меѓу присутните се филмските ѕвезди Бред Пит, Даниел Крег ,и многу други.

Боливудската актерка со холивудска кариера Пријанка Чопра со сопругот Џонас

Омилениот холивудски актер Бред Пит пристигна на финалниот меч на овогодинешниот Вимблдон, кој го играат Новак Ѓоковиќ и Карлос Алкараз Гарфија, а беше снимен во интересно друштво.

Педесет и девет годишниот Бред седеше на трибините покрај филмскиот режисер и поранешен сопруг на Мадона, Гај Ричи, кого долго време не беше виден во јавноста, и продуцентот Џереми Клајнер, кои со внимание го следеа натпреварот.

Покрај Бред Пит, на трибините се појавија и неговите колеги Даниел Крег и Рејчел Вајс, Ема Вотсон и Хју Џекмен, кои се пофали дека навива за Новак.

 
 
 
 
 
View this post on Instagram
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Hugh Jackman (@thehughjackman)

Тука се и од британското кралско семејство, потоа кралот на Шпанија Филип VI., Џејмс Нортон, Ендрју Гарфилд и многу други кои не сакаа да го пропуштат овој спортски спектакл.

Аријана Гранде со Ендрју Гарфилд
Ема Вотсон и Идрис Елба

Кејт и Вилијам со децата во кралската ложа