До недела, половина од возрасните Британци ќе бидат вакцинирани


 

Британскиот министер за стопанство Кваси Квартенг соопшти денеска дека прва доза од вакцина против Ковид-19, заклучно до недела, ќе приматповеќе од половина од возрасната популација во британија и дека имунизацијата продолжува со забрзано темпо, пренесе Ројтерс.

„Мислам дека до крајот на неделата 50 отсто од возрасните Британци ќе биат вакцинирани, а ако луѓето добијат повик, мислам дека треба да се јават за вакцинација“, рече министерот.

До сега во Британија од корона вирус заболеа повеќе од 4,2 милиони луѓе, починаа повеќе од 125 илјади, а оздравеа повеќе од 3,5 милиони.