Предложен притвор за едно лице за случајот со 13-годишното момче прободено со нож во Чаир


Јавен обвинител до судијата на претходна постапка доставил предлог за определување мерка притвор  за 19-годишник осомничен за случајот со 13-годишното момче прободено со нож во Чаир.  Јавното обвинителство вечерва соопшти дека Основното јавно обвинителство Скопје донело Наредба за спроведување истражна постапка против едно лице на возраст од 19 години за кое постои сомнение дека сторило […]

(Галерија) Карерас запеа со Каролина и Калиопи на концертот во Скопје, публиката го врати на три биса


Незаборавна музичка вечер во Скопје приреди синоќа легендарниот шпански тенор Хозе Карерас кој пред македонската публика настапи со посебна емоција и приреди концерт исполнет со врвни вокални изведби, во рамки на прославата за 35 години независност, во организација на „Авалон“ и Владата. Градскиот плоштад беше огромна сцена под ѕвездено небо, со музичари на Македонската филхармонија, […]

Мексикански војници го убија водачот на картелот Лос Рејес


Мексикански војници го убија Луис Енрике Бараган Чавез, осомничен дека е водач на картелот Лос Рејес во западно Мексико, соопшти денеска министерството за одбрана на Мексико. Како што се наведува, војниците го убиле Бараган за време на операција во Токумбо во државата Мичоакан додека, според локалните власти, биле изложени на вооружен оган. Покрај Бараган, во […]

Од утре до сабота 99 тимови од 33 земји ќе ловат крап на Светското првенство на Мавровското Езеро


Во присуство на натпреварувачите, гости и љубители на риболовот на свечена церемонија вечерва во Маврово беше официјално отворено 26-то Светско првенство во лов на крап – Маврово 2026, кое од 2 до 5 септември ќе се одржува на Мавровското Езеро. На првенството учествуваат 33 држави со 99 тимови, кои во Маврово ќе ги одмерат своите […]

Цените на нафтата пораснаа најмногу во еден месец поради новите ескалации на Блискиот Исток


Цената на нафтата Брент денеска се зголеми на повеќе од 94 долари за барел, додека цената на американската сурова нафта достигна околу 89,5 долари за барел, што се највисоки нивоа во последниот месец, поради новите напади на Блискиот Исток. Новите ескалации го продолжуваат прекинот на извозот на нафта од тој регион, пренесе Трејдинг економикс. САД […]

Во Србија 18 заболени од западнонилска треска, седум повеќе од претходната недела


Белград – Во Србија од 1 јуни до 30 август се регистрирани 18 случаи на западнонилска треска, покажуваат најновите податоци на Институтот за јавно здравје на Србија „Д-р Милан Јовановиќ Батут“. Тоа се седум заболени повеќе отколку во претходната недела до 24 август, кога според податоците на Институтот имаше 11 заболени. Батут објави дека 18-те […]

9 спални соби и филмско студио: Меган Маркл има големи барања за својот нов дом во Велика Британија


Листата на желби на Меган Маркл покажува дека таа не го намалува својот американски животен стил за „сонот за англиски рурален живот“. 45-годишната Маркл слета во Велика Британија оваа недела со многу специфичен број на ум: девет. Толку спални соби инсистира војвотката од Сасекс за новиот селски имот на семејството, според „Дејли меил“, и случајно […]

Турција се приклучи кон лунарната програма „Артемида“ на НАСА


Вашингтон – Турција официјално стана 71. земја што се приклучи кон лунарната програма „Артемида“ на НАСА, соопшти турскиот министер за индустрија и технологија Мехмет Фатих Каџир, цитиран од „Хуриет дејли њуз“. Каџир ја објави информацијата од седиштето на НАСА во Вашингтон, каде што денеска се одржа официјална церемонија по повод приклучувањето на Турција кон програмата. Покрај […]

Германија ја обвини Москва за дронот на аеродромот, затвора две руски тела


Берлин – Германската влада смета дека неуспешниот напад со дрон полн со експлозив на аеродромот во Лајпциг минатиот месец бил извршен во име на Русија, изјави денеска министерот за внатрешни работи Александар Добринт, при што владата во Берлин како одговор затвора две руски тела. Добринт на прес-конференција во Берлин рече дека полициските истраги, обрасците на […]

Пет активни пожари низ државата


 Пет пожари се активни од регистрираните 22  на отворен простор низ државата денеска до 18 часот.  Пет пожари се под контрола, а 12 се изгаснати, соопштија од Центарот за управување со кризи. Во општина Штип, помеѓу селата Селце, Пухче, Степанци и Лакавица, гори ниска вегетација, а шума во општина Струга на територија на селата Пискупштина, […]

ФАА предлага ограничувања за летовите во близина на аеродромот Доналд Трамп во Палм Бич


Вашингтон – Американската Федерална управа за воздухопловство (ФАА) денеска соопшти дека предлага специјални правила кога станува збор за летовите во близина на Меѓународниот аеродром Доналд Трамп во Палм Бич, на Флорида, наведувајќи ја како причина загриженоста за безбедноста на претседателската резиденција во Мар-а-Лаго. ФАА предлага ограничувања на летовите во радиус од една наутичка милја и […]

Европа не може да си дозволи да ги намали климатските амбиции, предупредува директорката на Европската агенција за животна средина


Брисел – Европа не може да си дозволи да ги намалува или одложува амбициите во областа на климатските промени, животната средина и одржливоста, изјави извршната директорка на Европската агенција за животна средина (ЕАОС), Лена Јуља-Мононен, во интервју за „Јуроп њузрум“ објавено денеска. Екстремните временски појави ова лето јасно ги покажаа последиците од климатските промени во Европа, […]

Мицкоски „призна“ дека го слушал Јовановиќ за долгот, но не и за буџетот, минималната плата…


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска ги коментираше согледувањата на економистот Бранимир Јовановиќ за задолженоста на земјата, односно за висината на каматите кои државата ги плаќа за земените кредити. Мицкоски ги оцени изјавите на Јовановиќ, кој пред два дена имаше интервју за порталот „Рацин“, како признание дека владата во која беше дел од тимот на тогашниот […]

Американецот Вилер нов кошаркар на Пелистер


Македонскиот кошаркарски прволигаш Пелистер ги засили своите редови со Американецот Рузвелт Вилер. „КК Пелистер е посилен за уште еден американски кошаркар со одлична репутација на пазарот. Рузвелт Вилер доаѓа во Битола како етаблиран кошаркар, кој минатата сезона го носеше дресот на швајцарските клубови Женева и Масањо“, објави битолскиот клуб. Новото засилување на Пелистер е 23-годишен […]

Кос од Блед: Кандидатите за членство мора да добијат јасен сигнал дека ЕУ е подготвена за проширување


Љубљана– Кандидатите за членство во Европската Унија мора да добијат јасен сигнал дека ЕУ сериозно мисли на проширувањето и дека е подготвена за него – изјави денеска еврокомесарката за проширување Марта Кос на Бледскиот стратешки форум (БСФ). – Кандидатите за членство мора да добијат јасен сигнал дека ЕУ сериозно мисли на проширувањето и дека е […]

Мицкоски: Јас ја водам Македонија кон просперитет, понатаму нека му мислат другите влади


  Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека тој и неговата влада ја водат Македонија кон просперитет, коментирајќи ја дебатата за дата центрите.„Многу јасно е каде оди светот и овој процес е неповратен. Ние знаеме каде ја водиме Македонија и ќе ја водиме кон просперитет“, рече Мицкоски. Тој се осврна на пораката на американскиот претседател Доналд […]

Мурињо под објавата на Меси на Инстаграм: Светското првенство нема да биде исто


Жозе Мурињо ја коментираше одлуката на Лионел Меси да се повлече од репрезентацијата на Аргентина. Португалскиот тренер, кој водеше бројни дуели против Меси, оддаде почит на неговата кариера откако осумкратниот освојувач на „Златната топка“ објави дека повеќе нема да игра за Аргентина. Капитенот на Аргентина, кој ја предводеше својата земја до титулата на Светското првенство […]

Мајката на Ѓоко Ристов уплатила четири станови, сопругата му договарала средби за поткуп


Судењето против апелацискиот судија Ѓоко Ристов продолжи со  прислушувани разговори за кои Обвинителството тврди дека покажуваат договарање средби меѓу судијата и лица инволвирани во предмет за сериозен криминал. На рочиштето, обвинителката Искра Хаџивасилева изведуваше материјали од посебни истражни мерки, односно прислушувани разговори меѓу Един Шеапи и Али Арифи, татко на двајца обвинети во предметот „Ориент“, […]

МНР демантира дека е тргната таблата со името на амбасадата во Софија


Во врска со информациите објавени во дел од медиумите, во кои се пренесува објава од социјалните мрежи за наводно оштетување и отстранување на официјалната табла на Амбасадата на Република Северна Македонија во Софија, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека станува збор за неточна информација. Имено, од страна на вработените во амбасадата е […]

Потпишан договор за партерно уредување на Еко паркот „Езерце“ во Пехчево


Општина Пехчево денеска официјално потпиша договор за реализација на проектот „Партерно уредување и поставување на урбана опрема на еко парк Езерце – Пехчево“. Изведувач на градежните работи е фирмата Друштво за градежништво, проектирање, надзор, ревизија, производство, трговија и транспорт „ГРАДЕЖНИК ИНГ“ ДООЕЛ увоз – извоз од Берово. Вкупната вредност на инвестицијата изнесува 3.683.610,00 денари, а […]