Во тек е исплатата за јули на правата од социјална и детска заштита


Министерството за социјална политика, демографија и млади информира дека денеска започна исплатата на правата од социјална, детска и цивилна заштита за месец јули 2026 година. Kорисниците на парични права коишто поседуваат дебитна картичка ќе можат да подигнат готовина на банкоматите на банките, да ги користат средствата за безготовински плаќања во продажната мрежа или преку електронско и […]

Бродосопственици предупредуваат дека патарини во Ормуз би ја загрозиле глобалната трговија


 Осум од најголемите светски бродски здруженија ги повикаа Обединетите нации да се спротивстават на можното воведување патарини во Ормуската Теснина, предупредувајќи дека таков потег би можен да ја загрози меѓународната трговија и да предизвика раст на цените на енергијата. Во писмото упатено до генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, и генералниот секретар на Меѓународната поморска […]

Ранет шефот на дроновите на Путин, неговиот телохранител загина


Основачот на рускиот производител на беспилотни летала „Уралдронзавод“, Владимир Ткачук, е тешко повреден по експлозија на автомобил-бомба во близина на Екатеринбург, во напад што претставува уште еден во низата инциденти насочени кон личности поврзани со руската воена индустрија. Веста ја потврди и Гардијан. Според руските државни медиуми, експлозивната направа била поставена под неговиот „Мерцедес“ и експлодирала […]

Не размислуваме за поскапување на струјата, туку за поевтинување или барем зголемување на евтината тарифа, вели Мицкоски


Владата не размислува за зголемување на цената на електричната енергија, туку се обидува да најде формула со која цената на струјата евентуално ќе се намали или барем да се зголеми периодот на евтина тарифа. Ова денес го изјави премиерот Христијан Мицкоски на настан во Владата на кој се потпишаа договори за реализација на третата фаза […]

Невладини организации предупредуваат за ризик од еколошка катастрофа во врска со нафтена дамка крај брегот на Оман


Гринпис и холандската невладина организација ПАКС предупредија за ризик од сериозна еколошка катастрофа по појавата на нафтена дамка на отворено море крај природен резерват во Оман. Според организациите, нафтата истекува од танкер за кој се претпоставува дека е дел од т.н. руска флота во сенка. Според информации на компанијата за поморска безбедност „Вангард“, бродот на […]

Прекрасна сонатна вечер со виолинистот Ниек Бар и пијанистот Бен Ким на „Охридско лето“


Харизматичниот  холандски виолинист Ниек Бар кому му се воодушевува публиката од целиот свет  и американско-холандскиот пијанист Бен Ким настапија синоќа во рамки на Холандската вечер на фестивалот „Охридско лето“. Двајцата извонредни музичари вечерта ја зпочнаа со Сонатата за виолина и пијано од Ц.Франк, а  продолжија со уште една Соната за виолина и пијано  од Франсис […]

Просечната оценка од полагањето на сите три типа матура е 3,66


 Просечната оценка од полагањето матура во јуни е 3,66 од сите три типа матура. Два месеца по полагањето на првиот од двата екстерни испити, министерката за образование и наука Весна Јаневска и директорката на Државниот испитен центар Даниела Јовчевска-Михајловска на прес-конференција денеска ги соопштија резултатите кои се конечни и по поднесени и разгледани приговори. Новина […]

Израелскиот напад врз либански новинарки може да биде воено злосторство


 Израелскиот напад во јужен Либан на крајот на април, во кој една новинарка беше убиена, а втора беше сериозно повредена, може да се смета за воено злосторство, смета Хјуман рајтс воч (ХРВ). Групата за човекови права денеска објави дека пронашла индикации дека цивилите можеби биле намерно цел. „Израелската војска вели дека не ги гаѓа новинарите, […]

За Украина се борат околу 16.000 странци, повеќето од Јужна Америка


Околу 16.000 странски доброволци моментално се борат во редовите на украинските одбранбени сили, соопшти воениот правобранител на Украина Олха Решетилова за време на консултацијата со шефовите на дипломатските претставништва на Украина во странство. Како што наведе таа, овие борци доаѓаат од најмалку 72 земји во светот, а речиси 40 отсто од нив се државјани на […]

„Концерт под свеќи“ на „Охридско лето“ со виртуозот Стефан Миленковиќ и камерниот оркестар „Профундис“


Камерниот оркестар „Профундис“ под диригентската управа на Ѓурѓица Дашиќ, на сцената на „Охридско лето“ вечерва ќе го донесе атрактивниот концертен проект „Концерт под свеќи“, во кој како солист ќе настапи еден од најпризнатите виолинисти на неговата генерација, Стефан Миленковиќ. Камерниот оркестар „Профундис“ е формиран во 2019 година од страна на диригентката Ѓурѓица Дашиќ, со идеја […]

Серафимовски: Недоволно е да кажеме колку субвенции сме исплатиле, туку колку повеќе храна сме произвеле


Храната и водата се прашање на национална сигурност. Држава што не може да обезбеди доволно сопствена храна станува економски поранлива и директно зависна од цените, флуктуациите и кризите на меѓународните пазари. Во намерата за остварување на нашата развојна визија – поголемо, сигурно и современо земјоделско производство што ќе ги задоволи домашните потреби, најголемиот предизвик е […]

Инфо-штандови и здравствени проверки за поддршка на граѓаните во услови на топлотен бран


Општина Центар, во соработка со Црвен крст и здружението ХЕРА, спроведува теренски активности за грижа и поддршка на граѓаните во услови на екстремно високи температури во градот, информираат од локалната самоуправа. -Општина Центар е на терен со конкретни мерки  делиме вода, поставуваме инфо-штандови и овозможуваме бесплатни здравствени проверки. Ги повикуваме сите граѓани да ги почитуваат […]

„Златната флота“ на Трамп може да ги чини Американците 275 милијарди долари


Програмата за изградба на нова класа нуклеарни воени бродови, кои претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, ги претставува како идната „Златна флота“ на американската морнарица, би можела да чини најмалку 50 отсто повеќе од првично проценетото, односно 275 милијарди долари, според извештајот на Конгресната канцеларија за буџет (ЦБО), пишува денеска Њујорк Тајмс. Според проценките […]

ЛДП: Држава што не обезбедува лекови за најтешко болните да не зборува за успеси во здравството


Либерално-демократската партија (ЛДП) изрази поддршка за онколошките пациенти кои за утре најавија протест пред Министерството за здравство, оценувајќи дека е недозволиво пациентите повторно да остануваат без неопходната терапија. Во соопштението, ЛДП наведува дека уште минатата година предупредувала оти недостигот на онколошка терапија не е изолиран инцидент, туку сериозен системски проблем за кој, како што велат, […]

СДСМ тврди дека власта тепала нивни активисти


  СДСМ тврди дека премиерот Христијан Мицкоски веќе не може да ги скрие неуспесите и дека сега физички се пресметува со тие што  го критикуваат.   -Не му помагаат ниту 40% од Орбановите медиуми, ниту фармите на тролови, ниту бот-платформите наследени од сестринската СНС. Народот ги прочита. Катастрофалната економија, постојаното задолжување и труењето на цела […]

Трифуновски: Наместо да ја обнови старата железница, власта планира ново задолжување од 2,5 милијарди евра


Наместо да ја реконструира и модернизира постојната железничка инфраструктура, Владата планира ново огромно задолжување од 2 до 2,5 милијарди евра за таканаречена брза пруга, проект кој ќе го плаќаат граѓаните, рече организацискиот секретар на СДСМ Зоран Трифуновски, во „Тема на денот“ на Сител.   Тој посочи дека решението не е во нови милијарди кредити, туку […]

Недостаток на вода во Дунав: Букурешт воведува драматични мерки за заштеда


Градската власт на Букурешт објави дека воведе пакет од 25 мерки за намалување на потрошувачката на електрична енергија за време на тековната енергетска криза во Романија. Тие вклучуваат намалување на интензитетот на јавното осветлување, ограничување на полнењето на електричните автобуси и исклучување на декоративното и рекламното осветлување. Поради недостигот на вода во Дунав, еден од […]

Русите ја „мелат“ енергетската мрежа: Украина наоѓа неочекуван начин да ги спаси фабриките


Некои украински фабрики купуваат обновени ветерни турбини отстранети од холандските ветерни фарми. Машините не се истрошени, туку таму се заменуваат со помоќни модели, а по ремонтот можат да работат уште 15 до 20 години. Украинските компании се свртуваат кон обновени холандски ветерни турбини за да ја намалат својата зависност од електричната мрежа сериозно оштетена од […]

Кратките летови со електрични авиони би можеле да пристигнат во Европа за помалку од 4 години


Брзиот технолошки напредок би можел да им овозможи на европските патници да летаат со електрични авиони на некои од најпопуларните рути на континентот уште во 2030-тите, објавува Euronews. „Многумина сè уште мислат дека авионите на батерии се далечна иднина. Но, електричните и хибридните летови се клучен дел од решението за да се направи патувањето на […]

Џаред Лето изгуби голема филмска улога поради обвинувањата за сексуален напад


Џаред Лето остана без улога во политичкиот трилер „Атентат“ поради низа обвинувања за сексуална злоупотреба, се дознава од повеќе извори блиски до продукцијата, пишува Page Six. Прекинати преговори Според извори, актерот бил во завршна фаза од преговорите за филмот во режија на Бери Левинсон и покажувал голем интерес за проектот. Тој беше во редовна комуникација […]